2 коментари 1 мин. читање

Надополнето: „Надеж“ – дали YouTube станува македонскиот Wikileaks?

Низ .мк медиумите се појави афера дека Бранко Црвенковски во 2008 година, додека беше претседател на државата, потрошил 500.000 евра за ангажирање на словенечки ПР консултантски услуги. Од кабинетот на г. Црвенковски првин го демантираа ова велејќи дека изворот не бил официјален и доверлив.

Имено, изворот на аферата е YouTube видео каде се прикажува документ „Надеж“ со анализа од тогашната политичка ситуација. YouTube видеото за кое се зборува е закачено од корисник со име MakMediaTV. кој има закачено уште 2 видеа, за „украинска Анџелина Џоли“ и за „Мир во светот? Вери Дификлт“ со македонската мисица. Гледајќи го тоа, и знаејќи дека на YouTube секој може да прикаже што сака, оваа афера звучи глупаво.

Но… се чини видеото е со вистински документи. Бранко Црвенковски потрошил над 340.000 евра за тројца словенечки консултанти.

Интересно, ова е втора политичка афера која се појавува по објавување на YouTube видео. Првата афера беше со директорот на пазарна инспекција, Сашо Аќимовски кој беше разрешен откако на YouTube се појави видео клип када се открива дека тој манипулира со својата позиција.

Кој знае, YouTube може да стане македонскиот Wikileaks, каде анонимни корисници можат да закачат „не-за-јавност“ откритија, нешто што е многу потребно за потранспарентно владеење во Македонија.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top