1
Сега има над 100.000 Android апликации
Според развивачкиот тим на Android, сега има над 100.000 апликации за Google-овата мобилна платформа. Популарноста на Android продолжува да расте благодарение на отвореноста, софтверот е со отворен код па многу производители го преферираат Android за своите мобилни уреди. Досегашните верзии на платформата ги преферираа мобилни телефони, но се претпоставува дека најновата 3.0 Gingerbread верзија на Android ќе биде приспособена за таблет компјутерите. Појавувањето на Android таблет компјутери сигурно ќе значи и повеќе апликации.