4 коментари 1 мин. читање

Кина го претстави најмоќниот суперкомпјутер во светот

Tianhe-1A е сместен во 100 кабинети кои заземаат 1.000 квадратни метри и се заедно тежи околу 155 тони. Неверојатната машина e специфична бидејќи користи 7.000 графички чипови на Nvidia кои се користат за видео игри во комбинација со 14.000 стандардни процесори на Intel. Графичките чипови се користат за брзо процесирање на обични суми, додека Intel-овите чипови се користат за покомплицираните математички операции.

Суперкомпјутерот ќе се користи за разни научни истражувања, пример обработување податоци за временски прогнози, се користи за откривање на нафта, био-медицински истражувања и за дизајнирање на летала.

Според познавачите, „млечниот пат“, со надминувањето на американските машини, ја демонстрира транзицијата на моќ од запад кон исток.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

4 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top