CоD: Black Ops надмина 1 милијарди долари во глобална продажба
Call of Duty: Black Ops е во друштво на филмот Tитаник, Аватар и албумот Трилер на Мајкл Џексон, кои се ретките забавни дела чии приходи од продажбата надминаа 1 милијарда долари.
Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.
Call of Duty: Black Ops е во друштво на филмот Tитаник, Аватар и албумот Трилер на Мајкл Џексон, кои се ретките забавни дела чии приходи од продажбата надминаа 1 милијарда долари.
(oва е гостински текст на Слободан Јаќоски од Викимедија Македонија, граѓанско друштво зад разни „Вики“ проекти, меѓу кои и Википедија на македонски)
Огромниот успех на Аватар, кој е најуспешниот филм во 2010 година со 3 Оскари, резултираше и со рекордно пиратирање.
Креативното манипулирање на петте воведни слики на Facebook профилите стана навистина интересен тренд на мрежата. Изгледа Facebook го погоди моментот кога рече дека „петте слики говорат повеќе за човекот од другите информации“.
Во Скопје сте, ви треба ефтин превоз, автобус, но не знаете каде оди „5-ката“ или каде се чека за „19-ката“. Тоа е честа појава за студентите од прва година, или луѓе од друга град дојдени во Скопје заради работа, посета или прошетка. Но сега не треба да се грижите бидејќи се претставија две интересни и корисни Android апликации кои ги прикажуваат сите автобуски линии, време на пристигнување на автобусот и нивните рути, користејќи мапи.
Американската амбасада во Мадрид во изминативе неколку години вршела притисок врз шпанските власти и интернет оператори да се превземат мерки за контрола на пиратеријата. САД се заканувале на Шпанија дека ќе ја стават на „црната листа“ на земјите со голема пиратерија, доколку не се превземат мерки во борба против пиратеријата, пишува шпанскиот весник El Pais.
Tројца дизајнери на три различни локаци за три дена ја направија дна од најкреативните Google DOcs презентации од 450 страни која го демонстрира можниот потенцијал на веб сервисите. Покажува дека со креативност, и знаење, може да се искористат наизглед едноставните, со лимитирани опции, веб сервиси за да се креира нешто интересно. И второ, веб сервисите се одлични за колаборација без потреба сите соработници да бидат сместени во една соба, да работат на еден документ на еден екран.
Facebook стартуваше веб страна за објаснување на „инстант персонализацијата“ на други веб сајтови преку друштвената мрежа, најверојатно да објасни како личните Facebook информации завршуваат на надворешни сајтови.
Македонската академска истражувачка мрежа, МАРНет која има целосна контрола над .мк доменот, не дозволи регистрација на Wikileaks.mk домен без притоа да образложи конкретна причина, соопшти хостинг компанија МКХост преку својот Twitter профил. „Преку нашиот сајт добивме порачка за регистрација на доменот Wikileaks.mk, кој веднаш го проследивме до МАРнет. Истиот ден проследивме уште 2 домена. По […]
Foursquare за iPhone апликацијата сега има опција за додавање фотографии и коментирање. Двете опции, заедно со страната за историја за сите места на кои корисникот бил, се опции кои сега ќе можат да го направат поатрактивен сервисот за локација, кој од неодамна има над 5 милиони корисници.
nVidia ја објави својата нова графичка картичка GTX 570. Во исти период и AMD ja објави својата Radeon 6950 и 6970 графички картички. Прашањето сега е која е подобра? На форумот има одлична дискусија меѓу хардвер ентузијастите кои споделија одлични рецензии, споредија цени и перформанси на двете картички.
На Facebook 500-те милиони корисници секоја минута споделуваат над 50 илјади линкови. Тоа е неверојатно количество на информации. Додадете ги над 66.000-те тагирања на 135.000 фотографии закачени секоја минута, скоро 80.000-те „среќен роденден“ постови, и над 98.000 одобрени пријателства секоја минута, и добивате јасна слика колку ни е важна комуникацијата. И зошто Facebook е толку голем.
Патоказ, Virtuelno SK и MyBudget се Android апликациите кои ги освоија првите три места на One предизвикот. Сите три апликации добија интересна парична награда, а креаторот на првонаградената Патоказ, Јосип Јосифовски, ќе патува во Лондон во посета на седиштето на произведувачот на мобилни HTC.
<Надополнето>Немирот на Бит-пазар беше бидејќи полициската единица „Алфи“ тепале 15-годишен препродавач на цигари кој се обидел да избега кога „алфите“ вршеле контрола. Откако младиот препродавач бил пуштен од станицата во Автокоманда по два часа, револтираните граѓани ги тргнаа импровизираните блокади со контејнери од булеварот „Цветан Димов“. </надополнување>
Facebook на својот блог го тестира новиот систем за коментирање. Ако отидете на, пример, блог постот за препознавање на лице при тагирање, најдолу ќе го приметите новиот систем за коментирање. Отвореното тестирање сугерира дека набргу ќе биде и имплеменитерано на корисничките профили и фан страните.
Додека македонските медиуми се критикувани за неспособноста да се впуштат во Веб новинарството, англискиoт Guardian стартува нов веб сајт, центар за сурови податоци, каде новинарите и сите корисници ќе можат да се впуштат во истражување и анализа на податоците за да ги дознаат фактите. „Фактите се свети“, вели Guardian. „Наша работа е да овозможиме клучните […]
Случајно, некои Facebook корисници добија пристап до нови прототип опции и сервиси на друштвената мрежа. По четириесетина минути од објавување на новите опции Facebook го изгаси сајтот, ја врати првобитната верзиjа и се извини за изгасеното време. Но, четириесетина минути се доволно време за да се кликне „print screen" и да се дознае за новите фан страни, интерфејсот за фотографии и за опцијата „Мемории“ за прегледување на севкупните активности на корисникот од приклучување на мрежата.
iPhone апликацијата Word Lens на QuestVisual e неверојатна апликација која преведува принтан текст во реално време користејќи ја камерата на телефонот за „оптичко препознавање знаци“. „Word Lens e речник – еволуиран. Ги прегледува зборовите за вас и ви ги прикажува во контекст. Можете да го користите Word Lens на вашите патувања да преведете менија, улични […]
Содржината на македонскиот веб сè уште е на нивото што Европа го имаше пред 10-15 години, се вели во истражувањето за онлајн медумите и онлајн новинарството на Македонскиот институт за медиуми (МИМ).
Веб играта Mафиа.мк не случајно го избра името „БалКанКан“ за својата нова сезона, бидејќи играта истовремено стартува и во Бугарија и наскоро во Србија.