Состојбата на онлајн медиумите во Македонија

во ИТ.МК

„Причините може да се бараат во малиот пазар, во состојбата во која се наоѓаат традиционалните (пред сè печатени) медиуми, во неподготвеност на новинарската фела да се менува и да се адаптира за производство на содржини за новите платформи, во слабата заинтересираност на огласувачите за рекламирање во онлајн медиумите итн.“

Но бројките раскажуваат веб приказна која мора да се сослуша. Над половина од домаќинствата во Македонија имаат интернет пристап, над 750.000 македонски корисници се на Facebook, а агрегатор за вести генерира над милион посети месечно! Споредено со пример, 20.000 печатени копии од весник, сево ова покажува дека на луѓето им е поинтересно и бесплатно! да читаат вести онлајн.

Но, според истражувањето на MИМ не се само парите фактор за лошото онлајн новинарство.

„Важен причинител на македонската онлајн медиумска летаргија е менаџментот на новинските куќи кој по правило е од постарата генерација и не е адаптиран на условите на дигиталното новинарство, што го диктира новото време.“

„Истражувачкото новинарство, кое е својствено за интернет медиумите, во Македонија не е присутно. Не се создаваат ниту интерактивни графики, ниту пак се користат другите уникатни предности на интернетот како што се интерактивноста и мултимедијалноста, а никој не ја користи ниту можноста за хиперлокален пристап.“

Според истражувањето, кое ги подели медиумите во неколку категории, најлошите критики одат кон печатените медиуми бидејќи освен што пристапот на веб им е „евтин“ туку се и копија на тоа што го има во печатеното издание.

Целото истражување ќе го видите подолу, или симнете го од официјалната страна на MИМ.

Истражување за онлајн .мк новинарство од МИМ (2010)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Гого
Гого
15 years ago

Имате грешка во текстот, не се милион посети ДНЕВНО, туку месечно.

Viktr Ars
15 years ago
Reply to  Гого

tnx, popraveno