2 коментари 1 мин. читање

Word Lens e апликација која преведува принтан текст во реално време

iPhone апликацијата Word Lens на QuestVisual e неверојатна апликација која преведува принтан текст во реално време користејќи ја камерата на телефонот за „оптичко препознавање знаци“.

„Word Lens e речник – еволуиран. Ги прегледува зборовите за вас и ви ги прикажува во контекст. Можете да го користите Word Lens на вашите патувања да преведете менија, улични знаци и други нешта кои имаат јасни принтани зборови.“, велат од QuestVisual.

Aпликацијата се обидува да ги препознае буквите и ги прегледува во речник. Кога ќе ги препознае ги прикажува на сликата. Во моментот апликацијата преведува само од шпански на англиски, и обратно. Но и покрај тој недостаток, или недостатокот дека не може да прочита стилизирани зборови или ракопис, сепак Word Lens е феноменална апликација за која се надевам ќе биде проширена со сите светски јазици.

Word Lens ја има на Apple iTunes, самата апликација е бесплатна, но се плаќа по 5 долари за англиско-шпански и шпанско-англиски речник.

[youtube]h2OfQdYrHRs[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top