0 коментари 1 мин. читање 22 декември, 2010

CоD: Black Ops надмина 1 милијарди долари во глобална продажба

Видео играта стартуваше во 9 ноември, а во првите пет дена постави рекорд со над 650 милиони долари глобални приходи од продажба.

„Во целата забавна индустрија, само Call of Duty и филмот Аватар стигнаат до 1 милијарда долари за волку кратко време.“, вели директорот на Activision Blizzard, Боби Котик. „Неверојатниот успех е достигнат заради десетиците милиони страсни Call of Duty играчи ширум светот. Глобалната публика логираше милиони часови онлајн со Call of Duty игрите на Xbox Live, Playstation и персоналните компјутери.“

Покрај значителната продажба, друг интересен податок е што од стартувањето на играта на 9-ти ноември играчите изиграле над 600 милиони часови онлајн со CoD:Black Ops. Според Microsoft, просечниот Xbox играч се логира повеќе пати од еднаш дневно и игра најмалку по еден час дневно.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top