Cablegate: САД правеле притисок врз Шпанија за контрола на пиратеријата

во Свет

Во моментот Шпанија е на црната листа од април 2010. Но тоа ќе се смени бидејќи Шпанија ќе го прифати Sinde Law законот со кој ќе можат да се блокираат сајтови кои споделуваат „содржина која ги прекршува авторски права“.

Во документoт од фебруари 2008, објавени од Wikileaks, се вели:

„Предлагаме да им кажеме на новата влада дека Шпанија ќе се појави на листата за набљудување ако не направи три работи до октомври 2008. Пров, да објави изјава дека интернет пиратеријата е нелегална, и дека авторскиот систем не ги компензира креаторите на материјалот доколку е споделен преку peer-to-peer споделување на фајлови. Второ, да се исправи законот од 2006-та да се каже дека peer-to-peer споделувањето е нелегално. Трето, да се најави дека властите ќе превземат мерки налик на француските и британскиот предлози со цел да се реши проблемот со интернет пиратеријата во 2009-та година.“

Францускиот предлог споменат во документот е контроверзниот Hadopi закон кој ги исклучува пиратите од интернет после 3 опомени, додека британскиот предлог подразбира интернет провајдерите да блокираат сајтови.

Интересно, „американски службеник предлага Шпанија да превземе мерки кои не се тестирани или пак предложени во американскиот конгрес“, забележува Еlectronic Frontier фондацијата која се залага за интернет неутралност.

Тоа што е интересно во случајот е што сајтовите кои споделуваат содржина генерираат над 70% од шпанскиот интернет сообраќај, според TorrentFreak. Тие сајтови се моментално офлајн како знак за протест кон усвојувањето на закон кој ќе ги изгаси.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments