2 коментари 2 мин. читање 17 декември, 2010

Мафиа.мк стартува нова сезона, се проширува во Бугарија и Србија

Mафиа.мк e веб друштвена игра каде играчот зема контроверзна улога на мафиозо кој извршува разни криминални дела со цел да стане побогат и помоќен. Разните играчи ќе можат да си направат „фамилии“ и заедно да соработуваат за да си го истакнат тимот на мафијашкиот пијадестал.

Откако првпат стартуваше бета верзијата во март, Мафиа.мк успеа да привлече, тогаш, над 20.000 играчи.

„Сега со новата сезона „БалКанКан“, која стартуваше на 15.12.2010, за само два дена, Мафиа.мк веќе има над 5.400 регистрирани играчи и над десетина илјади посети“, вели Трајче Петров, еден од основачите на Maфиа.мк.

Криминалната тематика на новата сезона на Мафиа.мк останува иста, но се воведоа неколку новини. Една од поважните е подобрување на игривоста.

„Скоро 90% е нова верзија, јадрото е повторно напишано за зголемување на перформансите“, вели Трајче и додава дека во новата сезона има и други новини како награди за најдобрите, додадени се уште 36 града, ќе има кредити, професии и ќе има казино кое ќе стартува заедно со српската верзија на играта.

Но, поради својата контроверзна тематика можеби една од поважните промени е воведување на родителска контрола – http://www.mafia.mk/control, со која „родителите со два-три клика ќе можат да го забранат пристапот на своето дете до играта.“

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
2 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
MeMaTi
MeMaTi
15 years ago

jas ne sakam da se prekine mafia.mk:(

PoLaTdz
PoLaTdz
15 years ago

JAs neMam ZbOroVi za MAFIA.MK sUpeR StrAnA e POZZZ

Мени
Заедница
Изглед
To top