Вести

3.566 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи Свет

Чарли Шин постави Гинисов рекорд за најбргу до еден милион фанови на Twitter

„За најбрзо време до 1 милион следачи". Ова е Гинисовиот рекорд кој го заслужи познатиот актер Чарли Шин. Тој број го достигна за 25 часови и 17 минути, а во моментов таа бројка на @charliesheen е повеќе од 1.23 милиони. Направете refresh на страната и веднаш ќе видите дека бројката постојано се зголемува. Инаку, тој отвори свој Twitter профил на 1-ви март, само пред 3 дена. Неговата прва слика на TwitPic со чоколадно млеко и порно глумица е прегледана 1.2 милиони пати за само 24 часа.

0 коментари Прочитај 3 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб

Google Profiles со нов изглед

Google ги редизајнираше Google Profiles така што сега може да вклучите повеќе информации за себе. Може и да се каже дека дизајнот потсетува малку на оној на Facebook.

0 коментари Прочитај 3 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Свет

Бредли Менинг се соочува со доживотен затвор и можна смртна казна

Бредли Менинг, 23-годишниот поранешен аналитичар во американската армија, се соочува со 22 нови обвинувања дека како извор на Wikileaks доставил стотици илјади доверливи документи. Едно од обвинувањата е „помагање на непријателот“ за што се одредува смртна казна. Обвинителите велат дека нема да ја бараат екстремната казна, но ако Менинг се прогласи виновен по сите обвиненија може да се соочи со доживотна затворска казна.

0 коментари Прочитај 3 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Суспендиран скопски професор по информатика поради Facebook постови

Професор од скопска гимназија е суспендиран поради екстремни религиозни Facebook постови. Според учениците, тие немале проблем со професорот бидејќи се однесувал пристојно на часовите, но според директорката на училиштето, која доставила копии од 8 страни од неговиот Facebook профил до полицијата, професорот од „скромен религиозен човек се претворил во фанатик.“

9 коментари Прочитај 3 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

iPad 2, потенок, полесен и помоќен

Стив Џобс го претстави iPad 2, вториот таблет компјутер на Apple кој е со „нов дизајн“ и е „потенок, полесен и побрз“ од првата генерација.

9 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo Дамјан Дано Друштвени мрежи

Краток водич за FourSquare

Можеби е чудно, малку застрашувачки да се споделува локација со стотина пријатели на друштвените мрежи, но гео-локациските сервиси стануваат хит во светот, но и во Македонија каде еден мал стартап станува интересно хоби за многу корисници.

2 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Хардвер

Аpple планира да продаде 40 милиони iPad-и во 2011-та

Во исчекување на iPad 2, чие претставување ќе се случи денес, Digitimes, повикувајќи се на извори од дистрибутерската мрежа, објави интересна информација дека Apple планира да дистрибуира од 6 до 6.5 милиони iPad таблет компјутери во првиот квартал од 2011-та година.

0 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Друштвени мрежи Мобилни

Facebook го купи Beluga, мобилен сервис за групна комуникација

Facebook го купи сервисот за мобилни групно комуницирање Beluga, според сајтот на сервисот каде се вели дека сервисот и друштвената мрежа „се посветени да креираат нови и подобри начини за комуникација и споделување групно искуство“ без да се додадат многу детали, пред се финансиски, за аквизицијата.

0 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

Официјална Flickr апликација за Windows Phone 7

Друштвената мрежа за споделување фотографии Flickr ја претстави официјалната апликација за Windows Phone 7 телефоните и Windows 7 таблет компјутерите.

0 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб

BitMateе e нов битторент клиент за корисници со спор интернет

BitMate е BitTorrent клиент е наменет за да ја ги зголеми перформансите на хостови со конекции со слаб проток. Тоа не го прави на штета на другите клиенти и може да ја зголеми моќта за симнување до 70%, а на качување до 100 отсто. Иако битторент технологијата најчесто се врзува со пиратеријата, тоа што е интересно со овој проект го финансира владата на САД, за да им помогне на земјите од третиот свет кои имаат слаб интернет. Проектот го работат истражувачи од MIT.

1 коментар Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Веб Софтвер

API за peer-to-peer конекција помеѓу интернет прелистувачи

Ericsson работи на креирањето на API кој ќе овозможи peer-to-peer видео конверзација. Ова API е дел од нивната серија на нови технологии кои ги користат можностите на HTML5.

0 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Свет

Дали веб сервис може да опстои ако е блокиран од Facebook, Google и Bing?

Аshleymadison.com e веб сервис кој им помага на луѓето во брак да имаат афери. Звучи интересно за многумина, но... уште поинтересно неодамна сите поголеми мрежи за рекламирање вклучувајќи ги Facebook, Google, Bing и YouTube, му забранија на сопственикот да ја рекламира страницата и некои од неговите слични проекти, најверојатно врзувајќи го со сексуални услуги.

0 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.ЕУ

ЕУ рација на издавачите на е-книги

Европските власти направиjа рации на неименувани компании-издавачи на е-книги во неколку европски земји. Според Европската комисија ненајавената рацијата е направена бидејќи „имаме причини да веруваме дека има компании кои ги прекршуваат ЕУ правилата за фер конкуренција што забрануваат картели и други рестриктивни бизнис практики“.

0 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Друштвени мрежи

Facebook воведе промени во коментирањетo на надворешни сајтови

Facebook го надградија својот Comments Box Plugin кој го користат останатите страници за да се поврзат со Facebook. Новини се што отсега ќе гледате повеќе информации и слика до коментарот на корисникот логиран со Facebook, има подобрени опции за модераторите и, како главната промена, отсега можете да одберете тоа што сте го искоментирале на надворешен сајт да се појави на вашиот профил и во фидот на вашите пријатели.

0 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Хардвер

Презентиран првиот лаптоп кој може да се контолира со очите

Tobii и Lenovo го открија прототипот на првиот лаптоп компјутер кој може да се контролира со очите на овогодинешниот CeBIT.

0 коментари Прочитај 2 март, 2011
Редакција
1
Тамара Атанасовска Свет

Google Street View веќе нема слики само од улиците

Street View мапирањето на Google ќе се прошири и подалеку од улиците, благодарејќи на новите возилa кои ќе ги заменат колите кои досега ја вршеа работата. Првата мета на Google се туристичките атракции ширум светот, први додадени локации се во Франција (Château de Chenonceaux во Civray-de-Touraine), Ирска (Националните ботанички градини во Даблин) и САД (разни локации во Сан Диего).

1 коментар Прочитај 1 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Мобилни

iPhone не е само за богатите, се споменува поевтина верзија

Apple не сака своите популарни уреди да бидат „само за богатите“ со што се потврдуваат гласините дека може да видиме и помал и поевтин iPhone за помасовниот пазар, пишува Forbes кои се повикуваат на белешки на аналитичарот Тони Саконаги од Bernstein Research од состанок со Том Кук, директор за операции на Apple.

1 коментар Прочитај 1 март, 2011
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Vip и Оne ќе се жалат против Владата за „фаворизиран“ тендер

Двата оператори Vip и One имаат остри забелешки за нелојална конкуренција за тендерот со кој Владата го избра T-mobile како оператор за јавната администрација.

2 коментари Прочитај 1 март, 2011
Редакција
1
Виктор Дано Хак-атак/Приватност

Facebook ќе дозволи апликациите да дојдат до корисничкиот тел. број

Facebook излезе пред американскиот Конгрес со писмо дека ќе дозволи надворешни апликации да имаат пристап до телефонскиот број на корисникот, доколку корисникот и дозволи пристап на апликациите до тие информации.

0 коментари Прочитај 1 март, 2011
Мени
Заедница
Изглед