Кампањата на Old Spice се уште е непобедлив пример за кампања каде сé се одвива совршено и е еден одличен водич за вистински успешна вирална веб кампања! Во текот на кампањата беа снимени преку 100 видеа како одговор на Youtube, Reddit, Facebook и Twitter коментари. Одговорите освен кон обични корисници беа наменети и кон познати личности кои беа вклучени во кампањата. Навистина изненадувачко е тоа што коментарите и заинтересираноста секогаш се позитивни, па дури и YouTube коментарите, кои како што знаеме дека се доста проблематични.
Како што вели еден YouTube коментар: „сигурно е тешко да бидеш волку генијален“.
Успешноста на кампањата може да се процени и преку тоа што корисниците се уште ги гледаат и коментираат на нивните видеа, од кои секое е гледано над 3 милиони пати, а првото видео е гледано над 30 милиони пати. Секако, најголем показател е тоа што продажбата се дуплираше во текот на кампањата.
The Man Your Man Could Smell Like e феноменална кампања за која може многу да се зборува, всушност препорачливо е за сите оние кои се занимаваат со маркетинг да ја истражат затоа што може многу да се научи. Но првин погледнете ги видеата. Eве уште една понова реклама од серијалот.