Google Profiles со нов изглед

во Веб

Вашиот профил на Google Profiles е првиот резултат кој се појавува кога некој ќе го пребара вашето име во најпопуларниот пребарувач (секако, ако вие сте ја одбрале опцијата да е видлив за сите), па може да се каже дека вреди да му посветите внимание. Засега, Google на нивниот блог вели дека профилите функционираат одлично за индивидуалци, но работат на тоа да направат и промени во полза на бизнисите кои сакаат да имаат интеракција со своите купувачи.

Најистакната е сликата која сте ја одбрале да го претставува вашиот профил стои во горниот лев агол, како што е и на Facebook, а потоа, повторно како кај Facebook се неколку фотографии, по што следи краток опис, лични информации како образование и работа, и мапа.

Google се спрема да ги поврзе своите сервиси со „друштвени слоеви“, па најверојатно подостапен и појасно дизајниран профил може полесно да ги поврзе корисниците.

Ако немате Google профил може да си креирате овде, едноставно логирајте се со вашата Google сметка.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk