Дали веб сервис може да опстои ако е блокиран од Facebook, Google и Bing?

Ashleymadison е лансирана во 2001 година и оттогаш покренува бројни контроверзии. Основана е од Ноел Бидерман e и сопственик на неколку други слични страници кои се наменети за интернет состанување. Г. Бидерман од лансирањето на сервисот постојано е во центарот на вниманието на сите медиуми, кои го осудуваат поради неморалната порака која ја шири оваа страница.

Ashleymadison сега има околу 8.5 милиони членови и околу 12 милиони дневни посети. Според г. Бидерман негативните критики во медиумите му носат многу публицитет; на пример, после еден телевизиски напад минатата пролет веб сајтот доби 20.000 посети во секунда! Како и да е целиот овој публицитет е со краток рок на траење и не создава долгорочен канал од каде може да се привлекува публика. Кога ќе стивне фамата од телевизиската емисија, посетите нагло опаѓаат.

Г. Бидерман е исто блокиран и од AdSense мрежата на Google, иако сеуште може да закупува клучни зборови од Google AdWords. На некои мрежи пак целосно е баниран, на пример на Bing. Тоа значи дека не може да си ги закупи ни своите заштитени фрази како што е „Животот е краток. Имај афера.”, колку пари и да понуди.

Ако можеби помисливте дека на една страница која е толку многу посетена не и треба рекламирањето, и доволни и се контроверзиите кои се шират околу неа, сепак кај г. Бидерман постои стравот дека неговите поенти ќе ја изгубат посетеноста. Тој ги обвинува Facebook, Google и Microsoft дека се лицемерни и се држат до некои селективни морали. Моментално г. Бидерман пробува да оддели неколку од другите услуги настрана од AshleyMadison, чија посетеност е постојано во пораст, наспроти сите пречки. Според него тој е визионер, па дури се споредува и со основачот на Playboy, Хју Хефнер.

Прашањето е навистина интересно. Дали AshleyMadison е оштетена заради селективниот морал или навистина треба да се смести во делот кај што се ескорт сервисите?

(via The Next Web)

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk