Со помош на овој додаток, страниците ќе покажуваат најрелевантни коментари за вас. Односно, коментарите ќе бидат така подредени да вие не врвот ќе гледате коментари од вашите пријатели, потоа коментари од пријателите на вашите пријатели, како и најдискутираните и најактивните теми, со што оние коментари кои се маркирани како спам ќе бидат на дното.
Како што можете да видите и на сликата најгоре, до името има и повеќе информации за лицето кое го остава коментарот, како каде работи и слика.
На Facebook официјалниот блог ги објаснуваат и алатките за админи каде има неколку новини. На пример, како првично зададена (default) вредност можат да остават новите коментари да бидат видливи за секого, или само за пријателите за да се оддели најрелевантната содржина. Може да се воведуваат зборови и корисници на црна листа и нивните коментари да бидат автоматски одбиени. Админите ќе можат да ги прегледуваат и менаџираат сите коментари на посебната алатка за тоа, а корисниците можат да им помогнат во маркирањето на спамот или навредливите коментари со пријавување.
Facebook сигурно знаат како да ја зголемат својата социјална моќ, профитирајќи од тоа, и секако на безболен начин за сите.
Отсега, ако одберете коментарот од надворешната страница ќе се појави на вашиот профил. Ако некој од вашите пријатели се заинтересира за дискусијата на сајтот, може да коментира директно на Facebook и коментарите ќе се синхронизираат со оригиналната дискусија на надворешниот сајт. Исто така ќе добиете и нотификација ако некој пријател или друг корисник одговори на вашиот коментар.
Дали оваа промена е добра е доста дискутабилно. Од страната на надворешните страници ова е сосема погодно, поради тоа што добиваат повеќе внимание со постувањето на коментарите на профилите на Facebook корисниците. Исто така, од неколку блогови прочитав надежи дека ова ќе ги спаси од троловите и спамерите и ќе им донесе повеќе контрола.Од друга страна пак, фидот на вести може да ни е спамиран со тоа кој каде се коментирал.








