9 коментари 1 мин. читање

Суспендиран скопски професор по информатика поради Facebook постови

Првин немало поплаки за професорот, можеби постарите постови му се за информатиката, пример за Java, за праќање пораки преку gwibber за Linux Ubuntu, за ласерско глувче labtec итн… Религиозните пораки се појавуваат од февруари, интересно, откако професорот кликнал Like на фан страна за група за христијански приповеди чии први постови се во јануари.

„Добро е што навреме реагиравме. И мене ми се довери дека сакал да подготви терен за тоа што ќе се случи во 2012 година [крај на светот].“, вели директорката на гимназијата чија „психолошка“ експертиза дека „мислам дека тоа што беше толку посветен на науката влијаело сега вака да се однесува.“ e исто толку луда како и постовите на професорот.

Тоа што е интересно е што професорот е комплетно отворен на неговиот Facebook профил, односно профилот не му е со приватни опции и заштитен, па секој може да ги читне неговите екстремни религиозни пораки.

Професорот често на своите постови има коментари и Like-ови од своите ученици, некои дури и му дадоа поддршка, други пак го критикуваа за екстремните верувања.

Сепак, се работи за малолетни ученици и недолично однесување на мрежа каде професорите се пријатели со учениците. Министерството за образование вели дека професорот е суспендиран и ќе биде поднесена кривична пријава против него.

Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

9 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top