Beluga e бесплатен мобилен сервис, има апликации за iPhone и Android, кој им овозможува на корисниците да си направат групна и приватна комуникација со своите пријатели, како и да се споделат фотографии и локација меѓу таа група.
Интересно, Beluga е креација на три поранешни Google инженери кои имаат работено на од Google AdSense до Google News, AdWords и Gmail. Директорот на Beluga, Бен Давенпорт, има работено и за Microsoft помагајќи во креирањето на MSN Explorer.
Што се однесува за Facebook, Beluga може да и помогне на друштвената мрежа да ги подобри своите мобилни апликации или да креира мобилен сервис преку кој ќе може корисниците да „четуваат“ и да споделуваат локација, нешто што ќе биде одлично за промоција на Facebook Places.