„Ако корисникот сака да дозволи апликацијата да ги добие информациите кои се потребни, ти или таа може да ја авторизира апликацијата. Ако, во контраст, корисникот не се чувствува удобно со споделување на информациите што ги бара апликацијата, корисникот може да ја одбие пристапот на таа апликација.“, вели Facebook во писмото до двајца американски конгресмени.
Facebook претходно ја најави опцијата за споделување на телефонскиот број и домашната адреса со надворешни апликации, но многу бргу ја повлече бидејќи целото тоа споделување делуваше како уште еден инцидент со нарушување на приватноста. Доволно е една лажна апликација и спамерите ќе имаат кому да му вртат по телефон или да му праќаат пошта на домашната врата. Всушност, тешко е да се поверува дека спамерите ќе играат фер.
Сепак, Facebook е сериозен за дозволување надворешните апликации да имаат пристап до телефонскиот број и домашната адреса, но и сериозен да не се случи уште едно фиаско со прекршување на приватноста. Затоа размислуваат да ги ограничат малолетните под 18 години корисници да споделуваат домашни адреси и телефонски броеви, што е малку проблем бидејќи роденденот лесно се лажира на мрежата или да обезбедат повеќе истакнати нотификации кога се споделуват посензитивни информации со надворешни апликации, како што се телефонскиот број и домашната адреса.
На крај се чини дека останува на корисниците сами да одлучат како ќе се грижат за своите информации. Брз совет: Читајте што информации ви бара апликацијата пред да стиснете Allow.







