Презентиран првиот лаптоп кој може да се контолира со очите

Tobii е компанија од Шведска потекло која развива технологии за следење и контрола со очите во партнерство со Lenovo, создадоа прототип кој реагира на движењата на окото како да се кликови од глувче. Оваа технологија користи сензори кои ги пратат движењата на очите на корисникот и ги интерпретираат во движење на компјутерот.

Ова е првпат оваа технологија да биде доволно ефтина и доволно мала за да биде вклучена во секој лаптоп, односно да може да се произведува за масовна продажба. Можностите за користење на оваа технологија постојат повеќе години, а досега е користена за медицинско истражување, од страна на Microsoft и Google за веб дизајн каде корисниците се фокусираат за подобро дизајнирање на страница и секако, подобро пласирање на рекламите.

Системот во суштина не е изграден комплицирано. Составен е од извор на инфрацрвена светлина и камера која ги прати движењата на корисникот, што е комбинирано со многу интелегентен софтвер кој одлучува каде очите се позиционирани во просторот пред компјутерот и каде гледаат, и потоа тоа го преведува во позиција на екранот која кореспондира.

Што може системот да направи?

На пример, ако се загледате во некој објект ќе ви се покажат повеќе информации за него. Може да се зумираат и одзумираат мапи според вашиот интерес, може да ги замагли прозорците кои ви се отворени, но кои во моментот не ве интересираат. Може да го затемни екранот или да да „заспие” ако вие не сте подолго време пред компјутерот.

Ова не значи дека традиционалниот начин на кликање на кој сме навикнати, било да е преку користење глувче, трак пад или екран на допир ќе биде заменет. Од Tobii велат дека комбинираниот пристап е најдобар во овој случај.

Засега се произведени само 20 прототипи. Масовната продукција се очекува да биде за две години, кога ќе може да си одберете дали сакате ваков систем вграден во вашиот лаптоп за неколку стотици долари. Од Tobii велат дека системот сеуште е во изработка и дека крајниот резултат ќе биде уште подобар и пофункционален.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments