„Vip во неколку наврати го истакнуваше фактот дека само еден економски оператор на пазарот го исполнува овој ограничувачки услов кој не е релевантен при избор на економски оператор за услуги во мобилна телефонија и дека овој критерум само ја ограничува ефективната конкуренција.“, велат од Vip.
И двата оператори сметаат дека е нелогично најмногу во понудата да се вреднува тригодишното позитивно работење на компаниите, а не цената на услугите, пишува Alsat. Според властите One не одговарале заради години бидејќи се ребрендирале и го смениле сопственикот, додека Vip не постојат толку време на пазарот.
„Од самиот старт се повредува начелото на еднаквост и рамноправност на сите заинтересирани понудувачи, како и начелото на транспарентност и интегритет во процесот на доделување на договори за јавни набавки.“, вели One.
Од службата за општи и заеднички работи на Владата велат дека сакаат да бидат сигурни дека „компанијата е ликвидна, за да знаат дека за пет месеци нема да завршат во стечај“ и дека Т-mobile далe најевтина понуди, пред се за роаминг телефонијата.
kolku me raduva sto vladata im klizna na vip :D
bravo <3
otsekogas tm ke bide najdobar bideji i kma drzaven kapital a so dividendi vladata si go vraka nazat znai im doaga besplatno dodeka za drugite dva operatori ke treba samo da im plakaat.