Вести

3.553 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК Совети

Meetinger е нова македонска апликација за состаноци

Meetinger e нова македонска апликација чија цел е да го олесни организирањето на состаноци. Во моментов има две верзии, бесплатна и платена, кои се достапни за Android, а наскоро апликацијата ќе биде достапна и за iOS и на веб, вели Ана Стојкова од eWorld Community. Заедницата на ИТ професионалци вели дека дел од парите кои […]

3 коментари Прочитај 6 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

И Qualcomm се вмеша меѓу паметните часовници со Toq

Без намера да се натпреварува со големите компании како Samsung, Sony, Apple или Google, Qualcomm го претстави својот паметен часовник Toq, кој е наменет да биде дополнителен дисплеј за паметните телефони кога нивниот екран е исклучен. Основната идеја зад телефонот е да послужи како катализатор за забрзување на производство на паметни часовници или пак слични […]

0 коментари Прочитај 6 септември, 2013
Редакција
1
Виктор Дано Мора да прочиташ Свет

NSA и GCHQ можат да ја отклучат енкрипцијата која ви ги штити мејловите и банкарските сметки

Нова недела, и уште едно ново неверојатно откритие дека американските и британските власти го набљудуваат целиот Интернет. Новите детали од доверливите документи на американската Агенција за национална безбедност (NSA), објавени јавно од аналитичарот на CIA, Eдвард Сноуден, откриваат дека NSA и нивните британски колеги GCHQ можат да ја отклучат енкрипцијата која ги штити корисничките податоци […]

0 коментари Прочитај 6 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Совети Софтвер

Quip е елегантен едитор за текст за iOS, Android и десктоп

Quip е едитор за текст кој може да го користите од десктоп, но првенствено е креиран да се користи на таблет компјутери и паметни телефони. Апликацијата користи freemium модел, односно за домашна употреба е бесплатен, а се наплаќа за опцијата со која повеќе автори може да соработуваат на текстовите. Креатор на Quip е Брет Тејлор, […]

0 коментари Прочитај 6 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

Се оддржа Cisco NetRiders натпревар во Македонија

Победник на првиот Cisco NetRiders натпревар во Македонијa е Панче Цветковски, кој како награда доби iPod Touch од 4-та генерација и ваучер од Seavus во вредност од 200 евра. Cisco NetRiders e натпревар организиран од глобалната Cisco Networking академија и Академијата за компјутерски мрежи на Seavus Alexandria (ИТ академија која од неодамна се приклучи на […]

6 коментари Прочитај 5 септември, 2013
Редакција
1
Виктор Дано Свет Совети

Словенечкиот стартап Toshl Finance сега има 1 милион корисници

Монструмчињата на Toshl им се радуваат на сите 1 милион корисници, вели словенечкиот стартап Toshl Finance кој користи комични чудовишта во дизајн на навистина сериозна апликација. Бројот до милион корисници е уште едно достигнување на апликацијата за следење на личните трошоци, по наградата на Europas за најдобар финансиски стартап. Toshl е сервис преку кој може […]

0 коментари Прочитај 5 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Мобилни Софтвер

Google ja решава фрагментацијата, Аndroid станува се пообединет

Откако објави дека сега има над една милијарда активирани Android уреди, Google ги објави и новите статистики за кои верзии на Android се користат најмногу, кои откриваат дека Google полека го решава проблемот со фрагментацијата. Повеќе од 66 отсто од уредите работат на 4.0+ верзиите на Android, односно 21,7 отсто на 4.0 Ice Cream Sandwich […]

0 коментари Прочитај 5 септември, 2013
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

Запознајте го новиот паметен часовник на Sony, SmartWatch 2

Samsung можеби го украде внимането на сите со својот Galaxy Gear, но не треба да заборавиме и дека Sony, само неколку часа пред јужнокорејскиот конкурент, на IFA во Берлин претстави свој нов паметен часовник. SmartWatch 2, исто како и Gear, работи на Android и служи како додаток на паметен телефон. Но, за разлика од Gear, […]

2 коментари Прочитај 5 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет

Хрватскиот Rimac претстави електричен „велосипед кога сакате, мотор кога ви е потребен“

„Велосипед кога сакате, мотор кога ви е потребен“ е мотото под кое хрватскиот производител на електрични автомобили Rimac го претстави својот нов производ – електричниот мотор Greyp G-12. Моторот има комбиниран погон, а без дополнително вртење на педалите може да достигне брзина од 65 km/h. Со полна батерија ќе може да поминете 120 километри, по […]

0 коментари Прочитај 5 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Хардвер

Потенок, полесен и огромен: Samsung го претстави Galaxy Note 3

На IFA во Берлин, Samsung го претстави и најновиот претставник во Note серијата, Android 4.3 паметниот телефон Galaxy Note 3. Серијата е препознатлива по своите огромни димензии и хардвер, но и по користењето на S-Pen пенкалото кое отсега ќе има уште поголема функционалност. Samsung изгледа ја пронајде совршената димензија со Note 2, па и на […]

0 коментари Прочитај 5 септември, 2013
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.ЕУ

Европскиот пазар на апликации отвори 794.000 работни места и вреди 10 милијарди евра

Eвропа има огромен пазар за апликации кој пред пет години не ни постоеше, со вредност од 10 милијарди долари која е само врв на сантата мраз. Според најновиот извештај на VisionMobile и Plum Consulting, европската мобилна економија отвори 794.000 нови работи места од кои 529.000 се директно поврзани со креирање на апликации. Од нив 60 […]

0 коментари Прочитај 5 септември, 2013
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

Samsung го претстави Galaxy Gear; сега ќе можете да правите повици преку паметниот часовник

Galaxy Gear e кој знае колку поубав од вашиот часовник, ниту пак има куп апликации за него, но овој паметен часовник, кој е претставен со „добредојдовте во иднината“, е прв ваков уред во неизбежната (р)еволуција на уреди кои се додатоци на паметните телефони. Galaxy Gear е часовник со екран на допир кој работи на Android […]

1 коментар Прочитај 4 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ настан: Пријавете се за TEDxSkopje 2013

Како што налага лиценцата, втората TEDx конференција во Скопје е ограничена на 100 посетители. Тоа е штета земајќи во обзир дека конференцијата на која се споделуваат идеи е навистина интересна да се следи. Оваа година темата е City 2.0, па знаејќи каква е ситуацијата со пофалбите и критиките за Скопје 2014 сигурно ќе видиме интересни […]

0 коментари Прочитај 4 септември, 2013
Редакција
1
Виктор Дано Хардвер

Xbox One ќе се продава од 22 ноември; во Македонија ќе дојде во 2014-та

Microsoft ќе почне да ја продава својата најнова конзола XboX One од 22 ноември првин во 13 земји, а потоа од 2014-та година и во останатите пазари, меѓу кои е и Македонија. Интересно, продажбата на Xbox Оne ќе започне недела дена по продажбата на конкурентната Sony Playstation 4, која ќе биде достапна од 15 ноември. […]

0 коментари Прочитај 4 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ настан: Научете да програмирате на Code@FEIT 2013

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) стартува бесплатен курс за сите кои што сакат да научат програмирање. Курсот е почетнички, односно за оние што сакаат да се запознаат со програмирањето и немаат претходно предзнаење. Ќе трае пет дена со по три часа активности во кои ќе се предава за основите на програмирањето и дизајнирањето […]

0 коментари Прочитај 4 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција ИТ.МК

ИТ настан: Бори се женски! Вечерва гостува Даниела Ременска

Доколку мислите дека технологијата ја водат мажи-инженери, тогаш да ви посакаме добредојде во ерата каде женските се исто толку влијателни во ИТ индустријата како мажите. За да се истакне родовара рамноправност, иницијативата „Бори се женски“ стартува низа настани на кои се преставуваат локални и регионални женски ИТ професоналци. Вечерва, 4-ти септевмри во 20 часот, „Бори […]

0 коментари Прочитај 4 септември, 2013
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Свет Хардвер

Само ден откако го купи мобилниот оддел на Nokia, Microsoft најави нов дата центар во Финска

Како 7,2 милијарди долари да не се доволна инвестиција за мобилниот оддел на Nokia, Microsoft ќе потроши дополнителни 250 милиони инвестиција за изградба на центар за податоци во Финска. Ова е продолжение на инвестициите на софтвер гигантот во интернет инфраструктра откако веќе се најавени дата центри во Сингапур и Австралија. Центарот во Финска е проширување […]

0 коментари Прочитај 4 септември, 2013
Редакција
1
Борис Кузманов ИТ.МК Совети

City2City е македонска Android апликација која сака да го промени вашето патувачко искуство

Сите сме го искусиле патувањето со автобус или со воз и знаеме колку исцрпувачки може да биде патот, особено кога патуваме сами и на подолги релации. Досадата е бонус. За да ги елиминираме сите тие работи, веќе подолго време во светот се користат сервиси преку кои самите луѓе нудат превоз, се организираат, а на крај […]

0 коментари Прочитај 4 септември, 2013
Редакција
1
Борис Кузманов Друштвени мрежи Мобилни

Рускиот Закерберг го стартуваше Telegram, сервис за разменување на пораки

Павел Дуров, основач на Digital Fortress и најголемата руска друштвена мрежа, VKontakte, го објави првиот продукт од својата нова компанија. Се работи за iOS апликација за размена на пораки преку која наскоро би требало да се разменуваат и аудио и видео повици. Telegram го користи протоколот за размена на податоци MTProto, развиен oд Николај Дуров […]

0 коментари Прочитај 4 септември, 2013
Мени
Заедница
Изглед