Samsung можеби го украде внимането на сите со својот Galaxy Gear, но не треба да заборавиме и дека Sony, само неколку часа пред јужнокорејскиот конкурент, на IFA во Берлин претстави свој нов паметен часовник. SmartWatch 2, исто како и Gear, работи на Android и служи како додаток на паметен телефон. Но, за разлика од Gear, кој се синхронизира само со Sаmsung Galaxy уредите, SmartWatch 2 работи со било кој Android телефон.
Sony SmartWatch 2 има 1,6-инчен екран на допир и процесор доволно јак за на него да работат апликациите кои се посебно изработени за часовникот. Меѓу апликациите има и некои попознати како Evernote. Eкранот има резолуција од 220×176 пиксели, а дисплејот е доволно прегледен и на дневно светло. Sony вели дека батеријата на часовникот трае до четири дена, што е далеку повеќе од Gear чија батерија трае само еден ден. Часовникот на Sony е за 100 долари поевтин од Galaxy Gear, oдносно чини 200 долари и ќе биде достапен наскоро во Европа во неколку различни бои.
Паметните часовници се додаток на паметните телефони. Пример, со SmartWatch 2 може да добивате нотификации за имејл или од друштвените мрежи, или пак место да вадите телефон од џеб, може да зборувате преку Galaxy Gear. Последново е малку претерано, и во моментов не би поседувал паметен часовник за да разговарам со него, но би сакал еден доколку има кул апликации кои ќе ви помогнат при вежбањето, кои ќе ве информираат за обврските или известуваат за близината на пријателите. Според Sony и Samsung, и SmartWatch 2 и Gear се способни да ги исполнат овие очекувања.









Сони немаат камера на часовникот и преку него не може да се зборува и слично. Служи за нотификации.
Поправено. Сигурен сум дека прочитав за камерата некаде, но се чини сум прочитал нешто погрешно. Во секој случај фала за забелешката! :)