Се оддржа Cisco NetRiders натпревар во Македонија

во ИТ.МК

Победник на првиот Cisco NetRiders натпревар во Македонијa е Панче Цветковски, кој како награда доби iPod Touch од 4-та генерација и ваучер од Seavus во вредност од 200 евра. Cisco NetRiders e натпревар организиран од глобалната Cisco Networking академија и Академијата за компјутерски мрежи на Seavus Alexandria (ИТ академија која од неодамна се приклучи на Seavus едукативниот центар).

Панче, заедно со уште тројцата најуспешни на натпреварот ќе има можност да се натпреварува на глобалниот Cisco NetRiders натпревар на 23-ти септември, чија главна награда е платено еднонеделно патување во седиштето на Cisco во Калифорнија, САД. (им посакуваме успех!). Студентите се натпреваруваа во категорија IT Essentials и CCNA.

NetRiders натпреварите се организирани од гигантот Cisco, а целта им е да ги мотивираат студентите кои се веќе дел од некоја Cisco едукативна програма подобро да ги разгледаат и запознаат веб технологиите на компанијата и да ги зголемат своите познавања во областа на мрежното администрирање.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
6 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Dimitar Krstevski
12 years ago

Честитки до Панче, може да ми кажете кои се другите 3ца кои ќе ја преставуваат Македонија?

Damjan Dano
12 years ago

Останатите тројца учесници ќе бидат познати за некој ден, праксата било Cisco да ги прати резултатите. Доколку ги добиеме имињата, ќе ја надополниме тогаш веста.

Dimitar Krstevski
12 years ago

Нема што да проверувате, DaciSS е во право. Се орджувале и претходно Cisco NetRiders натрпревари во МК.

Damjan Dano
12 years ago

Во право сте Димитар и DaciSS, добивме потврда од организаторот дека направиле пропуст со тоа "прв". Веднаш ќе направиме корекција на текстот.

поздрав

Damjan Dano
12 years ago

Здраво DaciSS, според организаторите, ова е прв NetRiders натпревар во МК, во секој случај ќе ја провериме информацијата.

Инаку Сен Хосе е град во државата Калифорнија.

поздрав

DaciSS
DaciSS
12 years ago

…мислам дека не е ова прв NetRiders натпревар, на Cisco Expo во Aleksandar Palas, секоја година го има.

Седиштето на Cisco поточно се наоѓа во San Jose.