0 коментари 2 мин. читање 4 септември, 2013

ИТ настан: Бори се женски! Вечерва гостува Даниела Ременска

Доколку мислите дека технологијата ја водат мажи-инженери, тогаш да ви посакаме добредојде во ерата каде женските се исто толку влијателни во ИТ индустријата како мажите. За да се истакне родовара рамноправност, иницијативата „Бори се женски“ стартува низа настани на кои се преставуваат локални и регионални женски ИТ професоналци.

Вечерва, 4-ти септевмри во 20 часот, „Бори се женски“ организира уште еден таков настан на кој ќе се дискутира за влијанието на жените во ИТ индустријата. Овојпат гостува Даниела Ременска, докторанд на University Amsterdam, во областа на Computer Science (High Performance Distributed Computing). Таа се занимава со grid computing, а фокусот и е на формалната верификација на однесувањето на дистрибуирани системи. Ременска има објавено и научен труд за NASA. За време на краткиот престој во Скопје, таа ќе зборува за личните искуства и што значи да се биде жена која се бави со технологија.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top