0 коментари 2 мин. читање 4 септември, 2013

Xbox One ќе се продава од 22 ноември; во Македонија ќе дојде во 2014-та

Microsoft ќе почне да ја продава својата најнова конзола XboX One од 22 ноември првин во 13 земји, а потоа од 2014-та година и во останатите пазари, меѓу кои е и Македонија. Интересно, продажбата на Xbox Оne ќе започне недела дена по продажбата на конкурентната Sony Playstation 4, која ќе биде достапна од 15 ноември. И двете конзоли ќе бидат пуштени во продажба пред божиќните и новогодишните празници.

Microsoft вели дека го забрза за 10 отсто процесорот на Xbox One, сега на 1,7 GHz, но хардверот е всушност најмалиот проблем на конзолата. Уште од самото претставување, гејмерите се незадоволни од неколкуте услови кои ги стави Microsoft. Проблем е секако цената од 500 евра која е повисока од Sony Playstation 4, која е околу 400 евра, иако најчестите критики се за потребата да се поврзе Xbox на интернет барем еднаш во 24 часа и за рестрикциите за споделување на игри, кои Microsoft под притисок од гејмерите ги поништи. Xbox One наиде и на критики од инди-студијата кои одбиваат да крераат игри за конзолата.

Но, и покрај лошиот почеток и критиките кои, да бидеме искрени, Microsoft ги прифати и реагираше, пример, сега не мора Kinect да биде биде постојано активен за да работи конзолата, Xbox One е добра конзола која доаѓа со 23 игри меѓу кои најновите Assassin’s Creed, Battlefield 4 и Call of Duty: Ghost. Несомнено е дека гејмерите ќе бидат ставени во искушение која конзола да одберат.

[youtube]TP_E6Bn6fWM[/youtube]

Напишано од

Виктор Дано

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top