Откако објави дека сега има над една милијарда активирани Android уреди, Google ги објави и новите статистики за кои верзии на Android се користат најмногу, кои откриваат дека Google полека го решава проблемот со фрагментацијата. Повеќе од 66 отсто од уредите работат на 4.0+ верзиите на Android, односно 21,7 отсто на 4.0 Ice Cream Sandwich и 45,1 отсто на 4.1+ Jelly Bean. Постарата 2.3 Gingerbread верзија, на која работат повеќето постари Android телефони, е падната на 30 отсто од 34 отсто минатиот месец.
Фрагментацијата на Android е пречка поради која некои телефони не можат да користат популарни апликации, проблем за производителите да работат постојано на софтверски надоградби за своите различни телефони, и главоболка на програмерите да стигнат до поголема публика или да креираат унифицирани мобилни апликации. Иако Аndroid е далеку пофрагментиран од iOS и Windows Phone, сепак споредено со претходните периоди, се забележува напредок во обединувањето на верзиите. Единствен проблем во моментот е што се појави уште една верзија на Android 4.4 Kit Kat.








