0 коментари 2 мин. читање 5 септември, 2013

Хрватскиот Rimac претстави електричен „велосипед кога сакате, мотор кога ви е потребен“

„Велосипед кога сакате, мотор кога ви е потребен“ е мотото под кое хрватскиот производител на електрични автомобили Rimac го претстави својот нов производ – електричниот мотор Greyp G-12. Моторот има комбиниран погон, а без дополнително вртење на педалите може да достигне брзина од 65 km/h. Со полна батерија ќе може да поминете 120 километри, по што ќе треба да поминете 80 минути во полнење на батеријата, за која не е потребен посебен приклучок, туку се полни од стандарден 220V приклучок. Мопедот има рекуперативно сопирање, при кое се полни батеријата, но во итни случаи можат да се користат и механички сопирачки.

„Greyp G-12 е креиран да ги поседува најдобрите карактеристики на велосипедите и моторите. Нашите електроничари и хардвер волшебници поминаа неброени часови развивајќи единствено искуство за корисниците, досега незабележано во индустријата за е-мотори.“, вели хрватската компанија.

Grayp G-12 доаѓа со читач за отпечатоци од прсти, со чија помош и се вклучува. Моторот може да запомни 50 отпечатоци и 5 различни прсти на корисниците со кои може да се промени нагодувањето од „економично“ до „брзина“. Сопственикот ќе може да го позајми моторот, но при тоа и да ја ограничи брзината и потрошувачката, како и најголемото растојание кое може да помине. Greyp G-12 ќе биде достапен од октомври, а цената ќе изнесува околу 6.000 евра. Мотоциклот не е прв производ на Rimac кои веќе го произведуваат електричниот автомобил Concept One, кој чини неверојатни 980.000 долари, а се очекува во продажба до крајот на 2013 година.

[youtube]A65dt-zLdSw[/youtube]

Avatar photo
Напишано од

Дејан Соколоски

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top