0 коментари 1 мин. читање 4 септември, 2013

Рускиот Закерберг го стартуваше Telegram, сервис за разменување на пораки

Павел Дуров, основач на Digital Fortress и најголемата руска друштвена мрежа, VKontakte, го објави првиот продукт од својата нова компанија. Се работи за iOS апликација за размена на пораки преку која наскоро би требало да се разменуваат и аудио и видео повици.

Telegram го користи протоколот за размена на податоци MTProto, развиен oд Николај Дуров кој е CTO во VKontakte. Практично, со својот продукт г. Дуров сака да го тестира овој нов протокол, кој доколку е успешен, би се очекувале повеќе функционалности од друштвен аспект во Telegram. Тој смета дека апликацијата е брза и безбедна и дека до неа немаат пристап трети апликации.

Во моментот Telegram е достапна само за iOS, но земајќи го во превид фактот дека г. Дуров сака да завземе дел и од пазарот на Android, наскоро се очекува да излезе и верзија за мобилниот оперативен систем на Google.

Напишано од

Борис Кузманов

Борис Кузманов е поранешен автор на IT.com.mk, студент на ФИНКИ, придонесувач кон развојот на платформата за блогирање WordPress, автор на <a href="http://mk.wordpress.org/">mk.wordpress.org</a>, GNU/Linux и Android корисник, слободен софтвер ентузијаст, гик и нинџа.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top