Дали го забележавте новото лого на Yahoo? Компанијата во изминатите 30 дена под мотото „30 дена промени“ работеше на своето ново, а сега веќе актуелно лого. Новото лого веќе го замени претходникот и се појавува на сите страни во сопственост на Yahoo. Редизајнираното лого не е кој знае колку подраматично од претходното, можеби е само почисто и потенко, и најверојатно нема да биде кој знае колку забележано од посетителите на Yahoo сервисите. Подолу е видеото со кое Yahoo го објаснува процесот на креирање на логот.
„Сакавме лого кое ќе остане верно на корените на компанијата (каприциозно, виолетово, со извичник), но и да ја означува еволуцијата на нашите продукти.“, објаснува Yahoo.
[youtube]_0b6qaPY-CQ[/youtube]








http://logo.thatsaspicymeatball.com/ – направи сам – ново јаху лого