Samsung го претстави Galaxy Gear; сега ќе можете да правите повици преку паметниот часовник

во Хардвер

Galaxy Gear e кој знае колку поубав од вашиот часовник, ниту пак има куп апликации за него, но овој паметен часовник, кој е претставен со „добредојдовте во иднината“, е прв ваков уред во неизбежната (р)еволуција на уреди кои се додатоци на паметните телефони.

Galaxy Gear е часовник со екран на допир кој работи на Android и се поврзува со вашиот паметен телефон. Ќе чини 300 долари, направен е од челик, но сепак е лесен за носење, вели Samsung. Galaxy Gear e спакуван со апликации за нотификации и брза информација. Пример, часовникот ќе ви покаже дека имате имејл, а штом го отворите вашиот Galaxy телефон ќе може да го прочитате тој имејл бидејќи двата уреди се поврзани. Gear работи со телефоните на Samsung, но Samsung не откри дали во иднина ќе може да се користи Gear со други Android уреди.

На прв поглед, Gear не изгледа ништо подобро од просечен рачен часовник кој се носи заради стил, не само за гледање на времето. Gear е секако понапреден од обичен часовник, пример може да прави повици, но ќе треба да ја држите раката до уво за да ве чуе соговорникот, што е малку бизарно за неколкуминутни разговори. Заради ова, очекувањата се дека паметните часовници на Samsung, и идните на Apple, Google и Microsoft, ќе треба да бидат прво стилски дизајнирани, прекрасни и минамалистички пред да почнат да се продаваат. Galaxy Gear е гаџет кој сигурно ќе им се допадне на гиковите и технолошките ентузијасти, но сега засега, признава Samsung, ова е почеток на оваа технологија. Galaxy Gear ќе биде достапен на 25 септември, заедно со новиот Samsung Galaxy Note 3.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
1 Коментар
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments
Гостин
Гостин
12 years ago

Кога ги претставувате барем претставете ги двата паметни часовници кои излегоа во ист ден. http://techcrunch.com/2013/09/04/sonys-smartwatch

Според мене Sony SmartWatch2 е подобар. Поевтин, компатибилен со скоро сите Андроид телефони и има NFC и Bluetooth. А да, и 3-4 пати подобра батерија од Galaxy Gear.