0 коментари 2 мин. читање 4 септември, 2013

ИТ настан: Научете да програмирате на Code@FEIT 2013

Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) стартува бесплатен курс за сите кои што сакат да научат програмирање. Курсот е почетнички, односно за оние што сакаат да се запознаат со програмирањето и немаат претходно предзнаење. Ќе трае пет дена со по три часа активности во кои ќе се предава за основите на програмирањето и дизајнирањето алгоритми.

Целта на Code@FEIT 2013 е да покаже нов пристап кон програмирањето и да ги мотивира младите да учат да програмираат и да креираат софтверски апликации. Иако курсот е првенствено за студентите на ФЕИТ, факултетот вели дека тој е отворен за сите заинтересирани без разлика на возраста и професионалната одредба. Code@FEIT 2013 е организиран од Институтот за компјутерски технологии и инженерство при ФЕИТ и наставата целосно ќе биде покриена од наставниот и соработнички кадар на Институтот. Курсот ќе се одвива во просториите на Факултетот за електротехника и информациски технологии (ФЕИТ) во Скопје, секој работен ден од 10 до 13 часот почнувајќи од 10-ти до 14-ри септември 2013 година.

Avatar photo
Напишано од

IT.mk редакција

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Сите написи од овој автор
Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Мени
Заедница
Изглед
To top