0 коментари 1 мин. читање

ИТ настан: Пријавете се за TEDxSkopje 2013

Како што налага лиценцата, втората TEDx конференција во Скопје е ограничена на 100 посетители. Тоа е штета земајќи во обзир дека конференцијата на која се споделуваат идеи е навистина интересна да се следи. Оваа година темата е City 2.0, па знаејќи каква е ситуацијата со пофалбите и критиките за Скопје 2014 сигурно ќе видиме интересни дискусии. Но, сега за сега не се знаат говорниците, во тек е нивно пријавување, па претпоставката дека настанот ќе биде одличен се базирани на импресиите на дебито на TEDxSkopje.

Пријава за присуство на TEDxSkopje, која ќе се одржи на 21 септември, ќе може да пополните тука, но не треба да очајувате ако ве одбијат бидејќи настанот ќе може да го следите од живо преку веб стрим, и секако преку Twitter каде ќе се дискутира, ретвитува и расправа за сите детали.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Мени
Заедница
Изглед
To top