Вести

3.567 написи

Најнови ИТ вести, технологија, стартапи, дигитални сервиси, компании и трендови од Македонија и светот. IT.mk носи релевантни информации за локалната технолошка заедница.

Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Tesla K80 е најбрзата графичка картичка во светот, можеби и пошироко

Tesla K80 е најбрзата графичка картичка произведена досега. Претходникот Tesla K40 графичките картички се користат во дел од најбрзите суперкомјутери. Картичката е способна за 8,74 терафлопи, а дури и десктоп картичката од Nvidia, GTX 980 има импресивни перформанси со 5 терафлопи. Основната работна фрекфенција на процесорот е 562 MHz, а во буст мод 875MHz. Засега […]

0 коментари Прочитај 18 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Flickr ќе ви ги испринта вашите фотографии

Минатиот месец Flickr почна на корисниците од САД да им нуди можност за своите омилени фотографии да ги испринтаат во големина 20х25cm или 50х75cm и да ги закачите на ѕид. Сега таа можност им е достапна на сите корисници глобално. „Во вистинско време за празниците, навистина сме возбудени да ја прошириме Wall Art услугата на […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Софтвер

Разговори преку Skype сега се можни и преку IE, Chrome и Firefox

Microsoft издаде тест верзија на Skype која ќе им овозможи на корисниците да разговараат директно од прелистувач. Skype for Web засега е во бета, но ќе им овозможи на корисниците разговор без притоа да треба да преземат било каков софтвер. „Со Skype for Web е побрзо и полесно од било кога да се поврзете со […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2014
Редакција
1
Андреј Шевченко Мобилни Рецензии

Google Cardboard: Виртуелна реалност на вашиот телефон за само 150 денари

(Oва е гостински пост од Андреј Шевченко, кој работи како маркетинг експерт во софтверска компанија во Варшава, и е во постојана потрага по интересни гаџети) Виртуелната реалност забележа голем интерес изминативе години, особено со појавувањето на Oculus Rift кој моментално е дел од Facebook. Покрај Oculus, свои производи за виртуелна реалност денес развиваат Samsung (Gear […]

3 коментари Прочитај 17 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Програмери се повлекуваат од Google Glass, нема пазар за наочарите со проширена реалност

Девет од шеснаесет девелопери кои започнале со развивање на апликации или сопствени проекти за Google Glass, предвремено ги прекинале проектите. Најголемата причина за ова е недостатокот на корисници и ограничувањата на уредот, велат развивачите за Reuters. Секако, без разлика на бројот на корисници на уредот, остануваат апликациите кои се креираат за специфична намена за помош […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Нема бесплатни реклами, ќе треба да платите ако сакате промотивни постови на Facebook

Facebook наскоро ќе започне да го намалува рангот на постовите кои ќе бидат „премногу промотивни“. Друштвената мрежа овојпат ги послуша корисниците кои побараа помалку промотивни постови, а повеќе вести од пријателите и сајтовите кои ги интересираат. „Една од причините поради кои луѓето доаѓаат на Facebook е да го разгледаат својот News Feed. Наша цел со […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

Руски анонимен сајт профитира од затварањето на Silk Road и другите сајтови за илегална трговија

Иако речиси и да не сме слушнале за него, но Рускиот анонимен маркет – RAMP сега е најстарата продавница на „темниот интернет“ која продава наркотици. Не станува збор за нова продавница, RAMP постоеше и во времето на Silk Road, но сега откако нема конкуренција од западните држави, сајтот успеа да привлече 14.000 членови. Станува збор […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo IT.mk редакција Веб Софтвер

ИТ настан: Ќе се прославува десет фантастични години со Firefox

Македонската заедница на Mozilla најави дека вечерва, а 17-ти ноември, ќе прави забава по повод 10-тиот роденден на Firefox. На настанот, кој е закажан во Concept 37, Скопје, со почеток во 19 часот, ќе се зборува за развојот на Firefox низ годините, за неговата улога во оддржување на „отворениот интернет“, за изборот и приватноста која […]

0 коментари Прочитај 17 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Свет

Google ја направи A.M.Turing наградата пандан на Нобеловата награда

A.M.Turing Award е позната и како Нобелова награда за компјутери, а ја доделува Association for Computing Machinery. Наградата традиционално се доделува секоја година од 1966 година за најголем доприонос во областа, и иако до сега беа наградени еден куп гении кои придонесоа да живееме во дигитално општество, сепак наградите делуваа мали. Наградата досега беше 250.000 […]

0 коментари Прочитај 14 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Рецензии

Galaxy Note Edge е единствен телефон со продолжен екран

Samsung не треба да се грижи сам да пишува рецензии за Galaxy Note Edge, бидејќи телефонот доби одлични прегледи од најголем дел од порталите. Станува збор за верзија на Galaxy Note 4 објавена во ограничена серија, и иако дел од новитетите кои ги воведува Samsung се неимпресивни, овојпат заедно со Alpha станува збор за вистински […]

0 коментари Прочитај 14 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Можеби сега ќе ја прочитате полисата за приватност на Facebook

Доколку сте како мене тогаш најверојатно никогаш не сте стигнале да ги прочитате правилата за користење или политиките за приватност до крај. Резултатите на истражувањето на Pew покажуваат дека дуре 91 отсто од возрасните, сметаат дека корисниците ја изгубиле контролата околу тоа колку се собираат приватните информации и се користат од компаниите, вели Verge. Facebook […]

0 коментари Прочитај 14 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хак-атак/Приватност

Aко има софтвер во него, било кој телефон може да се хакне

iPhone 5S, Samsung Galaxy S5, LG Nexus 5 и Amazon Fire Phone мораа да се поклонат пред вештините на хакерите на Pwn2Оwn во Токио. Станува збор за натпревар на хакери кој постојано покажува дека доколку уредот има софтвер на него, може да биде хакиран, вели Ars Technica. iPhone 5S „падна“ поради искористување на два пропусти […]

0 коментари Прочитај 14 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Мобилни Рецензии

Прв поглед на Nexus 6, првиот Nexus фаблет

Motorola го претстави новиот Nexus 6 кој веднаш ги доби првите позитивни рецензии за телефонот. Еден од новитетите кои доаѓаат со Nexus 6 е што за прв пат по излегувањето на Nexus 7, Nexus нема да биде евтин уред, туку чини 650 долари. Вториот новитет, ова е првиот Nexus „фаблет“ телефон со 6 инчен екран. […]

0 коментари Прочитај 14 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Друштвени мрежи

Say Thanks е нова алатка со која може да правите Facebook честитки

Facebook претстави нова алатка со која ќе може да креирате персонализирани видео картички за вашите пријатели. Say Thanks, понатaму овозможува и споделување на овие картички со вашите пријатели, познаници или колеги. Станува збор за навистина одличен нов начин да се потсетите на најдобрите моментите кои ги имате со вашите пријатели. Во видео пораката можете да […]

0 коментари Прочитај 13 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

ИТ настан: Номинирајте ги омилените сајтови за Сајт на годината 2014

Стартува петото натпреварување за најдобриот македонски сајт. Сајт на годината 2014 започнува со номинации на сајтовите од страна на корисниците, кои можат да одберат омилени сајтови од една голема листа од 19 категории, од најдобро дизајниран сајт до најдобар блог и дури најдобра Facebook страна. Номинирањето трае до 20-ти ноември, а победниците ќе бидат прогласени […]

2 коментари Прочитај 13 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Софтвер

Microsoft го ослободи .Net и понуди бесплатен Visual Studio

Microsoft продолжува со изненадувањата. Сега компанијата овозможи употреба на .NET и Visual Studio за развој на софтвер и на Linux, Mac OS X, iOS и Android. Дополнително компанијата најави дека .NET Core stack ќе биде со отворен код од ASP.NET, па се до Core Runtime and Framework. Заедно со оваа најава дојде и најавата за […]

0 коментари Прочитај 13 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб Хак-атак/Приватност

FBI со DDoS напад си го маскирале пробивањето на 400 криминални сајтови на Tor мрежата

DDoS напади сепак не се главната алатка користена за откривање на локацијата на над 400 .onion сервери, во заедничката операцијата Europol и FBI. Сепак се доколку се верува на операторот на Doxbin не станувало збор за DoS напад туку за „crawler bot“. „Авгувстовскиот DoS напад се чини дека сепак беше crawler bot. Еден стар пријател […]

2 коментари Прочитај 13 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Веб

Ќе стартува YouTube Music Key, нов музички сервис на Google

Како и што беше најавено, Google пред крајот на ноември ја започна новата услуга YouTube Music Key. Сервисот е засега во бета и корисниците можат да му пристапат единствено со покана, а како и што беше најавено месечната претплата ќе чини 8 долари. Заедно со YouTube Key корисниците ќе добијат членство до Google Play All […]

0 коментари Прочитај 13 ноември, 2014
Редакција
1
Avatar photo Дејан Соколоски Хардвер

Gygabyte претстави сет од графички картички кој си има сопствено куќиште

Gigabyte го презентираше својот нов сет за графички картички WaterForce, или ако сте љубител на генерички имиња GV-N980X3WA-4GD, кој е сет од три GeForce GTX 980 графички картички поврзани во SLI кои се фабрички оверклоукувани. Сетот доаѓа со 4GB 256-битна GDDR5 и процесор на 1228MHz односно 1329МHZ во „boost“ мод, и има Flex Display технологија […]

0 коментари Прочитај 13 ноември, 2014
Редакција
1
Виктор Дано ИТ.МК

Memorate, платформата за споделување спомени, стана подостапна за сите

Memorate на H-Sense, стартап oснован од Александар Митревски, Јасна Тренгоска и Вилијам Асиама, доби нов апдејт со кој станува поинтересен за користење на Веб. Memorate беше креирана како Windows Phone апликација за споделување на спомени и асоцијации, наречени „мемови“. Но, освен што беше ограничена на WP платформата, споделените спомени беа лични и можеа да бидат […]

0 коментари Прочитај 12 ноември, 2014
Мени
Заедница
Изглед