A.M.Turing Award е позната и како Нобелова награда за компјутери, а ја доделува Association for Computing Machinery. Наградата традиционално се доделува секоја година од 1966 година за најголем доприонос во областа, и иако до сега беа наградени еден куп гении кои придонесоа да живееме во дигитално општество, сепак наградите делуваа мали.
Наградата досега беше 250.000 долари, но Google, кој и досега заедно со Intel беше најголем донатор, ќе донира 1 милион долари за добитникот на наградата. Ова доаѓа по одлуката на Google да ја преземе целата одговорност за наградниот фонд. Првата награда од 1 милион ќе биде доделена следната година, а покрај наградата добитникот ќе биде впишан во великаните на компјутерската технологија.







