Македонската заедница на Mozilla најави дека вечерва, а 17-ти ноември, ќе прави забава по повод 10-тиот роденден на Firefox. На настанот, кој е закажан во Concept 37, Скопје, со почеток во 19 часот, ќе се зборува за развојот на Firefox низ годините, за неговата улога во оддржување на „отворениот интернет“, за изборот и приватноста која е приоритет на заедницата на Mozilla.
Најавена е дека, како на секој роденден, ќе има и убава торта. Поканети се и другите кои користат Safari, Opera, Internet Explorer и секако Chrome кои ќе треба да објаснат како прелистувачот на Google, стигна до 66 отсто од македонскиот пазар, за само неколку за неколку години, додека Firefox се уште е на 24 отсто.