0 коментари 1 мин. читање

Say Thanks е нова алатка со која може да правите Facebook честитки

Facebook претстави нова алатка со која ќе може да креирате персонализирани видео картички за вашите пријатели. Say Thanks, понатaму овозможува и споделување на овие картички со вашите пријатели, познаници или колеги.

Станува збор за навистина одличен нов начин да се потсетите на најдобрите моментите кои ги имате со вашите пријатели. Во видео пораката можете да споделувате фотографии и постови. Се разбира алатката функционира подобро доколку имате заеднички фотографии со пријателите, на кои сте тагнати двајцата, иако недостаток е што нема можност за персонализирање на текстот во пораките или на музиката од видеото. Другиот недостаток е што немате избор на постови кои би можеле да ги одберете за видеото туку ќе мора да одберете од предложените, исто така не е можен директен избор на фотографии од албуми од Facebook. Еден од начините да се снајдете со фотографиите е да ги преземете фотографиите, па потоа да ги аплоудирате.

Say Thanks е веќе достапен и можете да креирате видеа од десктоп и паметен телефон на неколку јазици, иако македонски не е еден од нив.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top