0 коментари 1 мин. читање

Можеби сега ќе ја прочитате полисата за приватност на Facebook

Доколку сте како мене тогаш најверојатно никогаш не сте стигнале да ги прочитате правилата за користење или политиките за приватност до крај. Резултатите на истражувањето на Pew покажуваат дека дуре 91 отсто од возрасните, сметаат дека корисниците ја изгубиле контролата околу тоа колку се собираат приватните информации и се користат од компаниите, вели Verge.

Facebook сега овозможи пократка и поедноставна за читање верзија на политиката за приватност на компанијата. Новата презентација е поедноставна за разбирање, поделена на области како: кој податоци ги собираме, како ги користиме овие податоци или како се споделуваат овие податоци. Новото објаснување на политиките за приватност е значително скусено од 8.000 на 2.000 зборови. Дополнително Facebook има слајд шоу со кој на корисниците им овозможува поедноставно менување на опциите за приватност.

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Коментари

Нема коментари. Отвори форумска тема и започни ја дискусијата.

Најави се и отвори тема

Напишаното ќе остане зачувано во овој прелистувач.

Мени
Заедница
Изглед
To top