Прв поглед на Nexus 6, првиот Nexus фаблет

Motorola го претстави новиот Nexus 6 кој веднаш ги доби првите позитивни рецензии за телефонот. Еден од новитетите кои доаѓаат со Nexus 6 е што за прв пат по излегувањето на Nexus 7, Nexus нема да биде евтин уред, туку чини 650 долари. Вториот новитет, ова е првиот Nexus „фаблет“ телефон со 6 инчен екран.

Nexus 6 е навистина голем телефон 159х83х10mm, поголем е и од Samsung Galaxy Note 4 и од iPhone 6 Plus, па секако нема да ве изненади и што телефонот е потежок од конкурентите (184g). Како и останатите телефони од Nexus серијата на задниот дел на телефонот е испишано името на серијата со мали бикви, сепак за разлика од претходникот Nexus 5 пластиката на задната страна е порапава.

„Nexus 6 е подолг, поширок и подебел и од iPhone 6 Plus и од Samsung Galaxy Note 4, Главната причина за ова е што Nexus 6 има поголем екран со околу 6-инча дијагонала. Телефонот е прилично дебел 10mm, заоблувајќи се кон рабовите. Nexus 6 всушност е огромен Moto X па речиси целиот дизајн им е заеднички“, вели Verge.

[youtube]wk-PY2dBKaA[/youtube]

Споредбата со претходникот не може да се заобиколи, а што се однесува до хардверот речиси секој дел на Nexus 6 е надграден. Телефонот доаѓа со 5.96-инчен Super AMOLED дисплеј со резолуција 1440х2560 и 493 ppi. Според густината на пикселите телефонот се наоѓа помеѓу Galaxy Note 4 и iPhone 6 Plus. Големината на екранот допринсува, со исклучок на прелистување по интернет за секоја друга работа да бидат потребни двете раце.

Што се однесува до хардверот кој е инсталиран Nexus 6 одлично се држи со конкуренцијата. Процесорот 2.7 GHz APQ8084 Snapdragon 805; 3GB LPDDR3 RAM, 32/64 GB NAND;13 МР задна камера и 2.1 МР предна камера и батерија со капацитет 3220 mAh. Камерата е подобра од претходните иако ова пред се бидејќи претходниците имаа лоши камери во споредба со конкуренцијата. „Живите бои ќе ви ги преплават очите. Иако квалитетни, светлите бои избледуваат во некои сценарија и сликите при малку светлина не се добри како на конкурентите како Microsoft Lumia“, вели CNET.

Сепак најголема предност на Nexus 6 е што доаѓа со Android 5.0 Lollipop без дополнителни додатоци. Со оглед на големините на промените направени во оперативниот систем, можеби е нормално што одвреме навреме телефонот заглавува, но и производителот и Google велат дека станува збор за проблем со оперативниот систем, а надградбата е веќе направена, вели Anandtech.

Можеби најголемиот недостаток на телефонот, доколку веќе сте решени да потрошите 650 долари, е батеријата. Иако растојание помеѓу полнењата од 1 до 2 дена е одлично за телефон, конкурентите имаат батерија која можете да ја полните два пати поретко.

„Квалитетот на разговорите и внатре и надвор е одличен – ниту еден од повицине не прекина, аудиото е конзистентно и не слушнавме шум или зуење. Човекот од другата страна беше јасен и без дисторзија а јачината на звукот адекватна. И соговорникот потврди дека немало звуци од позадина или друг шум додека разговаравме“, CNET.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk