DDoS напади сепак не се главната алатка користена за откривање на локацијата на над 400 .onion сервери, во заедничката операцијата Europol и FBI. Сепак се доколку се верува на операторот на Doxbin не станувало збор за DoS напад туку за „crawler bot“.
„Авгувстовскиот DoS напад се чини дека сепак беше crawler bot. Еден стар пријател призна откако прочитал на tor-dev и се смеевме за неговиот dumb crawler против мојот must-serve-200-codes-at-everything“.
Сепак нападите во август го зголемиле сообраќајот на сајтот на 1,7 милиони посети што е речиси 3 пати повеќе од нормалниот сообраќај, вели Ars Technica. Еден месец подоцна имаше нов напад, по што започнал да ги пренасочува барањата на друг Tor-сајт. По што е забележано дека нападот сепак не е DDoS, туку DDoS се користел за маскирање на нападите.
По се изгледа дека полицијата и агенциите ги користеле DDoS нападите за рерутирање на сообраќајот кон конекции кои ги поседуваат со што се поставува прашањето за безбедноста и анонимноста која ја нуди Tor, не само за илегалната трговија, туку поважно за политичките активисти и новинари за кои Tor првенствено е наменет.
[…] DDoS нападите често се користат за изнудување на пари и уцени. Серверите на компаниите повремено се напаѓаат се додека компанијата не плати откуп. Дополнително некојпат нападите се финансирани од конкуренцијата за да се наруши пристапот до услугата на конкурентите, а не е нечуено нападите да се користат и како диверзија. […]
[…] FBI со DDoS напад си го маскирале пробивањето на 400 кримина… […]