Galaxy Note Edge е единствен телефон со продолжен екран

Samsung не треба да се грижи сам да пишува рецензии за Galaxy Note Edge, бидејќи телефонот доби одлични прегледи од најголем дел од порталите. Станува збор за верзија на Galaxy Note 4 објавена во ограничена серија, и иако дел од новитетите кои ги воведува Samsung се неимпресивни, овојпат заедно со Alpha станува збор за вистински погодок.

Телефонот е со дисплеј од 5,6-инчи со резолуција 2560х1440 524 ppi и дополнителни 160 пиксели за закривениот дел од екранот, односно статусната лента. „Оваа лента која е чувствителна на допир е своевидна интерактивна корица. Можете да повлечете со прст преку нејзе и опциите се менуваат – листа на најчесто користени апликации, вести или игра, а потег од долу нагоре пак ги контролира опциите“, вели Techcrunch. Samsung пак има креирано навистина голем број на прекреирани кориснички интерфејси кој корисниците можат да ги користат.

Со исклучок на заблениот екран и UI-лентата Galaxy Note 4 и Galaxy Note Edge се идентични телефони. Телефонот доаѓа со Snapdragon 805 процесор; 3 GB RAM; 32/64 GB слободен просто и можност за надградба со microSIM до 128GB; главната камера е 16МР, а помошната 3.7 МР. Батеријата на Edge е со непто помал капаците отколку Note 4, 3000 mAh.

„Заоблениот екран е изненадувачки корисен и не е маркетинг трик. Но! Сепак не е доволно корисен за да го оправда дополнителнте 100 долари.“, вели Gizmodo.

За разлика од Nexus 6 кој доаѓа со Android 5.0, Samsung Note 4 и Edge доаѓаат со Android 4.4 и куп бескорисни апликации од Samsung. Компанијата не се откажала и од читачот на отпечатоци кој е присутен и на овие телефони. Сепак Note се помеѓу првите фаблети и секако најдобрите на пазарот, а периодот помеѓу полнење од 86 часа е најдобар показател колку компанијата е посветена на оваа серија.

[youtube]G4LYP0foV-E[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments

ит кариера

Matrix IT Global Services Macedonia

Software Developer

Digilink Konsalting

Java Script Developer

MDH Insurance Services DOOEL

Mid/Senior .NET Software Developer

види ги сите огласи на kariera.it.mk