Нема бесплатни реклами, ќе треба да платите ако сакате промотивни постови на Facebook

Facebook наскоро ќе започне да го намалува рангот на постовите кои ќе бидат „премногу промотивни“. Друштвената мрежа овојпат ги послуша корисниците кои побараа помалку промотивни постови, а повеќе вести од пријателите и сајтовите кои ги интересираат.

„Една од причините поради кои луѓето доаѓаат на Facebook е да го разгледаат својот News Feed. Наша цел со News Feed е да им го перзентираме на корисниците она што тие сакаат да го видат.“

Од јануари сајтовите кои објавуваат постови кои единствено се наменети да ги поттикнат луѓето да купат некој производ, ги потикнуваат луѓето да разгледаат некоја промоција или доколку се повторува истата содржина за постојано рекламирање ќе забележат дека имаат помалку посети, вели Facebook. Промотивните постови компаниите ќе мора да ги заменат со платени реклами, но од Facebook уверуваат дека ова не значи дека корисниците ќе почнат да гледаат повеќе реклами на News Feed-от.

Ако не сте сигурни кои постови се премногу промотивни, Facebook сподели неколку примери со кои на сите ќе им стане појасно до каде друштвената мрежа ќе ги толерира рекламите.

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments