Microsoft издаде тест верзија на Skype која ќе им овозможи на корисниците да разговараат директно од прелистувач. Skype for Web засега е во бета, но ќе им овозможи на корисниците разговор без притоа да треба да преземат било каков софтвер.
„Со Skype for Web е побрзо и полесно од било кога да се поврзете со пријателите, роднините и колегите низ целиот свет, бесплатно директно од Skype.com. Совршен е доколку повеќе сакате да користите веб услуги отколку апликации: можеби сте на компјутер кој нема Skype…“, вели Џонатан Вотсон на блогот на Skype.
Услугата е достапна на Internet Explorer 10, последните верзии на Chrome и Firefox, како и Safari 6. Се што корисникот треба да направи е да се логира на Skype.com и може веднаш да започне да им испраќа пораки на своите пријатели. Компанијата објави и дека Skype секојдневно бележи 2 милијарди минути, односно над 33 милиони часа разговор.







