Ќе стартува YouTube Music Key, нов музички сервис на Google

во Веб

Како и што беше најавено, Google пред крајот на ноември ја започна новата услуга YouTube Music Key. Сервисот е засега во бета и корисниците можат да му пристапат единствено со покана, а како и што беше најавено месечната претплата ќе чини 8 долари. Заедно со YouTube Key корисниците ќе добијат членство до Google Play All Access.

Станува збор за апликација која доаѓа без реклами и може да работи во позадина, а додадена е и опција за преземање и офлајан слушање музика. YouTube Key доаѓа со 30 милиони песни, а наскоро е најавено дека корисниците ќе можат да ги прегледуваат официјалните спотови на песните директно од апликацијата.

Засега не се знае дали сервисот ќе биде достапен во Македонија, но можно е бидејќи од неодамна во земјава се достапни Google Play Music и Google Play Movies, сервисите за стримање на музика и изнајмување филмови.

[youtube]pMQxeb5ERps[/youtube]

Стани премиум член и доби пристап до сите содржини, специјален попуст на над 2.200 производи во ИТ маркет, верификуван профил и можност за огласување на ИТ Огласник. Плус ќе го поддржиш медиумот кој го градиме цели 16 години!

basic

членство

42 ден./мес

зачлени се

1337

членство

125 ден./мес

зачлени се
* плаќањето е на годишно ниво

Доколку веќе имаш премиум членство, најави се тука.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Најнови
Најстари Со највеќе гласови
Inline Feedbacks
View all comments