Руски анонимен сајт профитира од затварањето на Silk Road и другите сајтови за илегална трговија

во Веб, Свет

Иако речиси и да не сме слушнале за него, но Рускиот анонимен маркет – RAMP сега е најстарата продавница на „темниот интернет“ која продава наркотици. Не станува збор за нова продавница, RAMP постоеше и во времето на Silk Road, но сега откако нема конкуренција од западните држави, сајтот успеа да привлече 14.000 членови. Станува збор за сајт кој оперира во Русија, сајтот е на руски јазик, а корисниците го скриваат својот идентитет. Речиси и да нема податоци за купувачи или продавачи на форумот. Корисниците целокупната продажба ја договараат преку Off-The Record апликација за текст, а купувачите плаќаат со биткоини. Потоа наркотиците или се праќаат по пошта или се оставаат на тајна локација, јави Wired.

За разлика од SilkRoad кој заработуваше со задржување на мал процент од проджабата, RAMPџ покрај ова на сајтот има и реклами од дилерите, а најуспешните 42 дилери имаат свои форуми за кои RAMP наплаќа 300 долари месечно. Покрај ова секој дилер треба да купи дозвола за продавање на секој вид наркотик посебно, а месечната „претплата“ е 1.000 долари за секој наркотик кој го продава дилерот.

Сајтот е прилично едноставен и поради ова нема многу можности за хакирање и безбедносни пропусти, а покрај својата едноставност функционира, објаснува Николас Кристин, професор на Carnegie Mellon, за Wired. RAMP и уште неколку сајтови на скриениот интернет како Agora или Evolution продолжуваат да функционираат и покрај акцијата на Europol и Федералното истражно биро. Дел од аналитичарите се сомневаат дека преостанатите сајтови се физички недостапни за властите бидејќи се наоѓаат во Кина, Русија и слични држави кои нема да ги исполнат барањата на САД за акција.

Добивај известувања
Извести ме за
guest
0 Коментари
Inline Feedbacks
View all comments
види ги сите огласи на kariera.it.mk