0 коментари 1 мин. читање

Gygabyte претстави сет од графички картички кој си има сопствено куќиште

Gigabyte го презентираше својот нов сет за графички картички WaterForce, или ако сте љубител на генерички имиња GV-N980X3WA-4GD, кој е сет од три GeForce GTX 980 графички картички поврзани во SLI кои се фабрички оверклоукувани. Сетот доаѓа со 4GB 256-битна GDDR5 и процесор на 1228MHz односно 1329МHZ во „boost“ мод, и има Flex Display технологија која автоматски детектира и презентира на четири монитори. Најголемиот недостаток на сетот, покрај цената, без сомневање е големината. Покрај просторот за трите картички, потребен е и простор за разладувањето кое доаѓа во засебно куќиште кое исто така треба да го сместите.

Се чини дека се поврзано со овој сет е целосно лудо, иако засега нема цена, цената на секоја од трите вметнати картички е по 600 долари, па нема да биде изненадување доколку цената биде и над 2.000 долари. Освен ова напојувањето кое ви е потребно е над 1200W со шест 8-пински конектори.

[youtube]rRwiQnXPZX4[/youtube]

Напишано од

Дејан Соколоски е автор на IT.mk. Долгогодишен гејмер кого го интересираат обновливите извори на енергија, автоматизација, хардвер, фан е на стрипови, алтернативна уметност и Ливерпул.

Мени
Заедница
Изглед
To top