Претставен македонски суперкомпјутер направен од студенти
Охридскиот универзитет за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ го претстави првиот македонски суперкомпјутер кој има 260 процесорски единици и користи Linux Cent OS.
Најнови написи, вести, анализи, рецензии и практични совети за ИТ.МК. Следете IT.mk за релевантни ИТ информации, технолошки трендови, локален контекст и искуства од македонската ИТ заедница.
Охридскиот универзитет за информатички технологии „Св. Апостол Павле“ го претстави првиот македонски суперкомпјутер кој има 260 процесорски единици и користи Linux Cent OS.
На E-society 2010 конференцијата, Новица Наков од Слободен софтвер Македонија ја претстави скоро-конечната верзија на Националната политика за слободен софтвер.
Европската Комисија стартува истрага за дали Google Inc. ја злоупотребува својата доминантна позиција во интернет пребарувањето и маркетинг пазарот. Google се огради од обвинението велејќи дека ќе соработуваат со Комисијата за истрагата.
Македонскиот Twitter директориум 140.мк ги објави 11-те категории за #140mknagradi-те. Корисниците ќе имаат можност до 07.12 да ги номинираат кандидатите, ќе може да се номинира повеќе пати и повеќе твитерџии со @корисничкоиме во една категорија.
Moshi Monsters, стартап за чување на виртуелно милениче е победник на Гранд при наградата на неодамна одржаните The Europas награди за најдобар европски почетничка компанија/сервис организиран од Мајк Бучер од TechCrunch Europe.
One ги објави сите апликации кои ќе учествуваат на Android предизвикот. Има вкупно 64 пријавени апликации и сите нив, заедно со авторите ќе можете да ги погледнете тука. Доколку имате Android телефон симнете си ги и тестирајте ги.
На почеток цените ќе бидат исти како и кај другите оператори, потоа ќе ги намалиме согласно иновациите што ќе ги воведеме, вели Ханс ван Хелден, претседателот на холандската World Teleconnect International која ќе биде нов оператор во Македонија, кој ќе работи виртуелно, користејќи ги мрежите на другите три оператори.
Се случи неверојатен инцидент со А1 телевизијата, заради се уште нејасни причини, но за да не навлегуваме во дневно политички теми како ИТ медиум, повеќе ќе прочитате по весниците.
Во последните две недели на Facebook започна иницијатива за поставување на профил слика од омилениот цртан јунак од детството. Многу корисници веднаш ги заменија своите профил слики со Мики Маус, Душко Долгоушко, Твити, Којотот, Калимеро и други цртани јунаци со цел да учествуваат и да се потсетат себе си и своите пријатели на безгрижните денови од детството.
Ах Facebook за некои непотребен, за сите други пасија, за трети инспирација за да се рапува за неа. Македонскиот рапер NikleMan има песна за Facebook, за нотификациите, за сликите... за како „сега е нов ден мора на Facebook да се ставам“ и дека „го ставив во standby и заборавив на една фотка да ставам Like".
Краткиот филм снимен со мобилен „Гумата и цртежот" на Бојан Стојчевски е добитник на наградата „Лале“ за најдобар филм на првиот македонски фестивал за мобилни филмови Mobile Festival.
Сите студенти кои сакаат да аплицираат за стипендија ќе можат да го направат тоа преку електронска пријава на http://mon.gov.mk/, сајтот на Министерството за образование и наука (МОН).
Сите камиони и автобуси кои превезуваат низ Европа ќе мора да имаат мемориски картички и дигитални тахографи кои ќе ја мерат брзината на возилото низ целиот пат, колку време е возено и колку време одмарало, пишуваат .мк медумите.
Инстант пребарувањето на Google сега е достапно за уште 18 земји, меѓу кои и соседните Бугарија, Хрватска, Грција и Србија. Тоа би можело да значи дека наскоро, можеби за месец-два, ќе има инстант пребарување и на Google.mk пребарувачот.
На неодамнешниот IEEEXtreme натпреварот за програмирање два македонски тимови од ФЕИТ освоија одличен резултат. Тимот А: Јордан Паликрушев, Бојан Костадинов и Игор Кулев го освои четвртото место, а тимот Б: Мите Митрески, Бојана Поповска и Никола Судијовски го освоија осумдесет и четвртото место на интернационалниот натпревар на кој учествуваат 970 екипи со преку 2.700 учесници од целиот свет.
Според некои балкански новини Pay Pal услугата за плаќање ќе биде достапна во Србија, и најверојатно во Македонија во 2011 година, постира Krkac.
Според македонскиот претседател Иванов инвестирањето во информатичките технологии и нивно интегрирање во секојдневието ќе овозможи демократско и инклузивно општество.
Само Интернетот може да биде решението на многуте политички проблеми, вели Звонко Тодороски, основачот на Интернет партија на Македонија.
<Надополнето 13.11.10>Иако не успеав да победам, сепак е-pedagog.com е вклучен во 50-те најдобри едукативни веб проекти на европските eLearning Awards 2010, вели Убавка Бутлеска, педагог и основач на проектот. За жал, останатите два .мк проекти (подолу) не влегоа во листата.
World Teleconnect International е четвртиот телефонски оператор, кој ќе функционира виртуелно, односно нема да гради своја инфраструктура, туку ќе ја користи мрежата на другите оператори за да понуди разни услуги.