21 коментари 1 мин. читање

„A1 опсада“ гледана преку друштвените мрежи

Но тоа што е интересно за нас е што благодарение на друштвените мрежи сега може да се чуе прочита личното мислење на корисниците. Подолу ќе најдете доста интересни, сериозни и забавни коментари на Twitter, споделени преку #opsada тагот. Милан Јаковчевски споделува дека до сега се архивирани 1.565 твита со хаштагот за опсада, според twapperkeeper.com. Според Калина Зографска броејќи го Twitter пребарувањето, има вкупно 2.600 твитови со тој хаш таг, без други зборови.

@azder да, 1500 max per search. затоа прво најновите, па после од најстариот таму – наназад.15 страни по 100 и 11 страни по 100 = 2600Fri Nov 26 13:57:17 via web

А сигурно ќе најдете и куп информации и мислења и на Facebook. Веќе има група „Да се собереме 2.000 луѓе да ја ослободиме А1“ која за кратко време, од вчера, има над 27.000 фанови.

Токму тоа е практичноста на друштвените мрежи, секој да може да се вклучи во дискусијата и да сподели информација, нели?


Напишано од

Виктор Дано е уредник на IT.mk уште од самите почетоци на порталот. Верува дека новите и традиционалните медиуми треба да соработуваат, и дека е најважно вистинската информација да стигне до публиката. Страствен фан на Liverpool FC и зависник од Discovery и National Geographic.

Коментари

21 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top