2 коментари 1 мин. читање

PayPal во Македонија во 2011?

PayPal услугата, која беше најавена поодамна, нуди безбедно плаќање и наплатување преку интернет. (Иако PayPal не е достапен во Македонија, сепак има начин како да се користи услугата.)

„Одлагањето се должи на тоа што PayPal одлучи, покрај Србија, да ја активира услугата и за соседните земји.“ вели Слободан Марковиќ од српското Министерство за телекомуникација.

Според него, PayPal на почеток ќе понуди трансакција на пари и можност за купување на улсуги од интернет продавници, а потоа ќе се прошири со локалните банки овозможувајќи и локалните бизнис да можат да наплаќаат преку интернет.

Иако ова се добри вести, кај форумџиите останува скептицизмот бидејќи PayPal беше најавен првин во 2009 година, а потоа и во 2010.

„И покрај сите овие приказни, еве не на 1 и пол месеци од новата 2011, кога на македонската, српската и црногорската јавност повторно им се продава истата приказна, но во друго пакување, односно според друго сценарио, според кое, PayPal ќе почнел да ги нуди своите услуги во Македонија, Србија и Црна Гора од 2011.“ вели Dexter26 додавајќи „До душа, проблемот не е кај нас, како што некои велат, во законската регулатива, туку кај дамите и господата во PayPal.“

… дискусијата продолжува на форум.

Напишано од

IT.mk е портал и прв македонски форум за информатичка и комуникациска технологија кој секојдневно објавува најнови вести поврзани со оваа индустрија.

Коментари

2 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top