Зошто на Facebook не му се допаѓаат цртаните јунаци?

21 коментари 2 мин. читање

Се започна со групата која ја создаде Иван Матејица од Ниш во форма на настан, кој имал за цел до крајот на ноември да поттикне што повеќе луѓе да ги заменат своите профил слики во слики од цртани карактери. Иако иницијатавата на прв поглед е бесцелна, голем број на Facebook корисници, побудени од емоциите и спомените, ги заменија своите профил слики, па така реално настана проблем.

Според условите за користење на Facebook, мрежата не дозволува лажно преставување или неовластено искористување на туѓа интелектуална сопственост. Откако повеќе од 100.000 луѓе ги заменија профил сликите, најголемата друштвена мрежа мораше да реагира.

Откако беше избришана групата и личниот профил на Иван Матејица, Facebook започна со предупредување и банирање на дел од корисниците. Во изминатите неколку дена неколку пријатели ми се пожалија дека или добиле предупредување или пак нивните лични профили се избришани од Facebook наведувајќи неколку причини меѓу кои и нарушување на интелектуална сопственост и правилата за користење.

Наравоучението е, иако индивидуално може да си ставите било која слика наместо лична профил слика според политиката за фер користење, сепак Facebook не го сака ова како тренд. Во јадрото на бизнисот на мрежата е да има споделувања и поврзувања меѓу луѓето, па слики од Трансформери и Нинџа Желки или други генерички фотографии можат да направат забуна во препознавањето на пријателите и понатамошното поврзување, тагирање и сл. и мрежата да ја загуби вистинската вредност.

Како би изгледал Facebook доколку сите би ги замениле своите профил слики и имиња со фиктивни карактери, прикажува следнава пародија направена од Кристијан Ристовски:

Напишано од

Дамјан е иницијатор и еден од ко-основачите на IT.mk, а исто така и основач на ИТ компанијата IWM Network и на Aqtos, бизнис оперативен систем за компании. Има повеќе од 20 години искуство во развој на дигитални производи, дигитална трансформација, веб-развој, UX/UI, SEO, брендирање и е-трговија.

Коментари

21 коментари

Коментарите се затворени.

Мени
Заедница
Изглед
To top