Иако делува детски сепак Moshi Monsters делува како сериозен бизнис кој предвидува додатни 100 милиони долари приходи од стока како играчки, картички за тргување, магазини и книги.
Како најдобар нов стартап победи шведскиот Flattr кој е механизам за плаќање/донирање за содржина. Flattr корисникот плаќа мала сума по што може да клика на Flattr копче на разни сајтови да ги распредели парите меѓу тие сајтови. Интересно Flattr е проект стартуван од Петер Сунде, еден од основачите на контроверзниот Pirate Bay.
За најдобар бизнис стартап е одбран Tradeshift што е едноставна и бесплатна алатка за испраќање фактури на мрежа од бизниси. Сервисот не се инсталира, достапен е на веб преку сите прелистувачи и ги архивира сите документи.
За најдобар маркетинг стартап на The Europas е избран Cognitive Match која е компанија составена од експерти кои градат систем кој ќе ја искористи вештачката интелигенција, математиката, психологијата и семантичките технологии да направи систем кој ќе ги таргетира индивидуалците со соодветна технологија во реално време.
Whipcar е најдобар европски еколошки ИТ стартап што е всушност прва во светото peer-to-peer мрежа за изнајмување на автомобили. Whipcar e најеколошки бидејќи може да го промени начинот т.е да го намали користење на автомобилите.
Најдобар хардверски стартап е Maxroam SIM roaming card. Картичката делува како модем за лаптопот или мобилниот за поврзување на интернет без грижа за огромни роаминг трошоци.
За најдобар оснoвач на стартапи е прогласен Ерол Дамелин, ко-оснoвач на Wonga.com, сервис за изнајмување на мали суми пари.
За најдобар инвеститор/фонд на The Europas е избрана Index Ventures, компанија специјализирана за инвестиции во ИТ и компании кои се бават со науката.







