Ова модернизирање е според европските правила кои стапуваат на сила на 1 јануари 2011 година. Според ЕУ, мемориските картички ќе ги лимитираат возачите да возат само по 8 часа на ден, со што би требало да се намалат сообраќајните незгоди, но со што ќе се зголеми и времетраењето и трошокот на транспортот.
Немање на вакви уреди во возилото ќе се казнува скапо, со дури 4.000 евра.
„Сите нови возила имаа вградено тахограф, а техничка можност имаат најстари возила со ознака еуро 4, постарите возила немаат ни техничка можност ако некој увезол возило со Еуро 3 стандард по 16.06.2010 за такво возило не постои можност да се стави тахограф“, вели Златко Кочовски од СИЗ „Македонија сообраќај“.







